• Latest

Дезинформациите како оружје: Моторот на руските хибридни тактики и војување

October 23, 2024
Колаж од фотографија од архивата на ЦИВИЛ (Христијан Мицкоски) и партиската ФБ страница (Димитар Апасиев)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити? (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ

Дезинформациите како оружје: Моторот на руските хибридни тактики и војување

October 23, 2024 09:58
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Структурата на европската демократија е под закана. Демократските институции ширум Европа и светот се соочуваат со растечката закана од дезинформациите и последиците од хибридното војување. Освен конвенционалното војување и бруталните воени злосторства и уништување на цивилни цели во Украина, тековната кампања на Русија за дестабилизација на Западот се состои во инфилтрирање во економијата, политиката и општеството.

Светот ни оддалеку не е сведок само на руска воена агресија против Украина, за која се обидува да верува дека е само некое далечно бојно поле. Во тек е широка офанзива против демократијата како таква. Голем дел од демократската јавност сè уште не успева да ја сфати и прифати тежината на ситуацијата. Ова се последни мигови за отворање очи пред стратешките, пресметани потези насочени кон самите основи на човековите права и слободи.

Дезинформациите се дел од основните елементи на руското хибридно војување против Западот. Социјалните мрежи и медиумите станаа ефикасно офанзивно оружје на руската пропаганда, преку која Кремљ го остварува својот глобален план за дестабилизација на демократиите. Оваа тактика, во комбинација со сајбер напади, економски и политички влијанија, и изборни манипулации, е клучен инструмент за создавање тензии, поларизација и хаос во западните општества.

Оние што сакаат да се убедат себеси и другите дека се релевантни и што, според учинокот, не се разликуваат многу од оние што се директно вплеткани во мрежата на операциите за влијание – како жртви или сторители – овој текст ќе го нападнат со „аргументи“ дека „авторот претерува и сее паника“. Начинот на дејствување на оперативните центри што управуваат со операциите за влијание е добро познат. По толку години доминација на дезинформациите, лажните наративи, националистичката, антизападна и проруска пропаганда во јавниот дискурс во земјата и регионот, повеќе ништо не може да ме изненади.

Не е големо откритие да се каже дека демократијата и човековите права се мета на операциите што имаат цел да доведат до нов поредок во светот. Ова е време кога фактите и вистината што се борат за здив зад тешките завеси од лаги што се главното оружје во хибридните напади против демократијата. Сега, повеќе од кога и да е порано, јавноста мора да се соочи со заканата против демократијата или барем да ги подотвори очите за тоа што го очекува „стариот континент“ во блиска иднина.

Руската пропаганда успешно се шири во Европа преку мрежи на дезинформации, лажни медиуми и пропагандистички инсталации кои работат, во некои земји во сенка, но во некои и сосема отворено како дел од доминантниот политички, академски и медиумски естаблишмент (Унгарија, Словачка, Србија, Северна Македонија, Бугарија и други). Овие мрежи до максимум ги искористуваат демократските системи, но всушност работат на уништување на демократијата. Преку поддршка на екстремистички и популистички политички партии, Русија создава клима на поларизација и општа несигурност во европските општества.

Русија има пошироки глобални цели – воспоставување на авторитарен светски поредок во кој демократијата и човековите права се подложни на постојан напад – до нивно целосно укинување. Тоа е свет каде човековите права и слободи се укинати, а демократските институции се заменети со репресивни режими под контрола на Кремљ.

Носителите на доктрините за нов светски поредок (Русија е само еден од аспирантите) – во кој индивидуата е само бројка и поданички елемент – се во долгогодишна офанзива да ги разнишаат, па и да ги уништат демократските принципи, човековите права и владеењето на правото. Накратко, да го уништат светот каков што го познаваме. Светот по падот на Железната завеса и официјалниот крај на Студената војна беше далеку од совршен, но имаше шанса, имаше визија и динамичен демократски натпревар на стратегии за јакнење на демократските вредности, планови за одржлива иднина на човештвото. До моментот кога таа визија беше предизвикана од авторитарните тенденции што демократскиот Запад (по сè изгледа) не беше спремен да ги види кога се појавија, туку се освести (не целосно) кога болеста веќе дојде до стадиум на метастаза.

Ова не е теорија на заговор. Не се работи за еден центар или некој невидлив борд од моќници што управува со комплексните операции за поткопување на демократијата, стабилноста и мирот во светот. Не мора да значи ни дека меѓусебно се координираат, но последиците се токму такви – како да се во идилична хармонија и со иста цел – ставање крај на демократијата, самиот концепт на демократските принципи, вредности и стандарди, и фрлање на човековите права во заборав.

И покрај јасните предупредувања и доказите за агресивните намери на Русија, политичките елити во Европа продолжуваат да се двоумат и да реагираат несоодветно на размерите на заканата. Нерешителниот и бавен одговор ѝ овозможи на Русија да ги зацврсти своите инсталации во европските структури, а особено во политичкиот живот каде што се бележи силен пораст на радикални и ултрадесничарски политички ентитети. Во текот на изминатите години, Русија успешно ги искористи празнините и недоследностите во демократските системи, со силна поддршка на ултранационалистички и екстремно десничарски политички партии и групи за да ги ослаби политичките системи на земјите-членки на ЕУ.

Симптомите се, како што реков, видливи веќе одамна, но луѓето на клучни позиции во европските институции и водечки политички структури ги занемаруваат нивните причинители, се однесуваат како да се работи за обична настинка. За жал, дури и водечки светски институции и организации, медиуми, академија и граѓанско општество на настаните најчесто гледаат парцијално, како да немаат доволно капацитети да ги разберат за процесите што стојат зад настаните. Што е неприфатливо.

Европа е клучен простор каде што минатото, сегашноста и иднината на глобалните процеси се вкрстуваат, но истовремено таа зависи од и влијае врз процесите во други големи и моќни држави и региони кои ја обликуваат светската динамика. И тука доаѓаме до една констатација што изгледа дека веќе е на површината на светските збиднувања и процеси, но ретко кој, ако воопшто некој, го кажува тоа директно и како што, всушност, стојат работите. На повидок е војна: Русија против Европа и НАТО.


Овој текст е дел од анализата „Европа на работ: Како руската хибридна војна може да прерасне во воен конфликт со целосни размери“

Текстот е личен став на Авторот. Извор: ЦивилМедиа

Европа на работ: Како руската хибридна војна може да прерасне во воен конфликт со целосни размери

Tags: војнадезинформацииЕУНАТОруска агресијахибридни тактики
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ