• Latest

Џафери: Доколку сакаат да бидат демократски институции парламентите треба да се отворат за граѓаните

May 29, 2018
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Џафери: Доколку сакаат да бидат демократски институции парламентите треба да се отворат за граѓаните

May 29, 2018 11:16
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во овие 27 години парламентарна демократија направени се квалитетни чекори со кои Собранието на Република Македонија, а со тоа и нашата држава, станува дел од современиот демократски свет. Доказ за ова е и последниот извештај на ЕК во кој безусловно се предлага добивање на датум за почнување преговори со ЕУ, истакна денеска претседателот на Парламентот, Талат Џафери, на конференцијата „Градење на модерни, професионални и претставнички парламенти“. 

Како претставнички домови на граѓаните, вели тој, доколку навистина сакаат да бидат демократски институции треба да работат транспарентно и да бидат отворени за граѓаните.

Џафери ги информираше гостите, пратениците и други претставници од Американскиот конгрес и невладиниот сектор од повеќе земји дека Собранието има современа веб страница, стрининг во живо на пленарните седници, дека во архивата може да се најдат сите пленарни седници од осамостојувањето до денес.

– Уште поважен е фактот што преку нашата веб страница граѓаните можат да се обратат до својот пратеник, а можат да се пријават за посета  на Собранието, рече претседателот на Парламентот. Преку собранискиот канал директно се пренесуват сите пленарни седници, како и комисиската расправа за донесување на буџетот. А, како што истакна, во тек се и многу други сериозни подготовки за формирање на посебна собраниска телевизија.

На дводневната конференција организирана од HDP (Хаус Демокраси Партнершип) во соработка со НДИ, УСАИД и ИРИ зборуваше и американскиот амбасадор Џес Бејли.

-Парламентарците играат клучна улога во воспоставување на структурите и нормите што ги присилуваат институциите и функционерите да бидат отворени, инклузивни и отчетни, истакна амбасадорот Бејли.

Тоа е она што им помага на граѓаните, додаде тој, подобро да ја разберат природата на власта.

За Македонија и за македонскиот Парламент, рече дека постојат многу структури и правила за отвореност и транспарентност, но оти тоа често пати се сведува на индивидуалните одлуки на лидерите и зависи од нивното однесување.

-Законодавците треба да бидат модел за таквото ракводоство, за промовирање на отворена дискусија и она што ги инспирира граѓаните да инсистираат на влада што е поотворена, поинклузивна и поотчетна, рече тој.

Пречесто кога нешто не функционира, смета Бејли, а се однесува на отвореноста,  инклузивноста, немањето отчетност или владеењето на правото, граѓаните креваат раменици и велат тоа е така.

– И тоа е она што сакате да го избегнете… луѓе кои креваат раменици. Треба да се фокусирате на ангажманот на граѓаните. Тоа е она што е најважно, суштинско прашање, рече американскиот амбасадор Бејли, додавајќи дека се потребни постојани напори за тоа.

На дводневната конференција има повеќе сесии чии теми опфаќаат: Градење отвореност: Отворено владино партнерство и HDP, работење со партнерите за парламентарен развој, Градење транспаретност: Како да се зајакнат релациите помеѓу парламентите и организациите на граѓанското општество, Надминување на јазот на инклузијата, Новости и предизвици во создавањето на модерни и инклузивни парламенти: Косовски пример, РМ: Законодавни решенија за градење доверба со јавноста, Градење транспаретност преку комуникации и информирање на граѓаните, Новости и предизвици во создавањето на модерни и инклузивни парламенти: Киргиски и пример од Шри Ланка, Модернизација на институциите преку зајакнати парламентарни истражувања и обуки.

Обраќања ќе имаат претставници и советници од американскиот Конгрес, од УСАИД, од организацијата Отворено владино партнерство, пратеници од македонскиот, грузискиот, киргискиот и Парламентот на Шри Ланка, како и претставници на невладиниот сектор.

(МИА)

Tags: демократијаЕвропска КомисијаЕвропска УнијаСобрание на Република МакедонијаТалат ЏафериУСАИДЏес Бејли
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ