• Latest

Џугуманов: Потребна е подобра комуникациска стратегија на сите државни институции, за да се намали просторот за ширење дезинформации

December 8, 2022
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Џугуманов: Потребна е подобра комуникациска стратегија на сите државни институции, за да се намали просторот за ширење дезинформации

December 8, 2022 15:00
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИНТЕРВЈУ, МЕДИУМИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Иако споредбено со другите земји од регионот, Северна Македонија е поотпорна кон дезинформациите и не сакано странско влијание, а про-Западните сили се сеуште најголемите двигатели на позитивни промени и реформи, сепак земјата ја карактеризира поларизација во антагонистички политички кампови. Поделбата по партиско-политичка, но и етничка основа, дополнително ја разорува и онака кревката демократија. Поради ваквата слика, општеството останува ранливо кон дезинформации, пропаганда и други малигни странски влијанија, вели генералниот секретар на Евро-Атлантскиот совет на Северна Македонија, Илија Џугуманов,  во интервју за ЦИВИЛ Медиа.

Во однос на состојбата со дезинформациите и пропагандата во Северна Македонија и регионот, Џугуманов посочува дека одреден дел од медиумите во земјава се подложни на дезинформации од одредени медиуми и поединци кои ги промовираат интересите на Москва.

„Информативниот простор во државата во голема мера е подложен на дезинформации преку одредени програми, портали и поединци кои ги промовираат интересите на Москва. Медиумскиот пејзаж дополнително страда од недостаток од диверзитет во информирањето и е подложен на дезинформации и манипулација. Од друга страна, политичкиот пејсаж во државата е во голема мера отпорен на странско влијание. И покрај присуството на политички актери кои им служат на интересите на Москва и Пекинг и растечката фрустрација во општеството по бројните неуспеси во процесот на пристапување во ЕУ, политичките елити остануваат посветени на членството во евроатлантските структури.“, посочува Џугуманов.

Дезинформациите како оружје

Антилибералните ставови засилени со интензивни дезинформацики кампањи спроведени од актери кои наводно ги штитат „традиционалните вредности“ значително влијаат врз општествената поларизација, што е клучен извор на ранливост во неколку земји од регионот, вклучувајќи ја и Северна Македонија. Ваквите ставови често произлегуваат од широко распространето незадоволство и разочарување од тоа како функционира демократијата во сите анализирани земји. Овие фактори, во комбинација со зголеменото државно влијание врз медиумите во некои земји, ги туркаат луѓето кон дезинформации и им даваат предност на авторитарните системи на управување. Присуството на дезинформации во онлајн и во офлајн информативниот простор зема се поголем замав, а најчесто е во директна корелација со присуството и влијанието на про-Кремлинските актери и наративи во медиумите во регионот.

ЦИВИЛ Медиа: Што е потребно за да се надминат предизвиците со дезинформациите и пропагандата?

Џугуманов: Дезинформациите, пропагандата и лажните вести се присутни од многу одамна и ги предизвикуваат општествата ширум светот, но во време на забрзана дигитализација, а посебно за време на пандемијата со ковид-19 и со порастот на употребата на социјалните мрежи, нивниот интензитет стана опасен.

Во таа насока, потребно е да се работи на развивање на дигиталните вештини кај граѓаните, а посебно кај младите – инкорпорирање на медиумската писменост во формалното и неформалното образование со цел да се зголеми знаењето, свеста и разбирањето кај граѓаните за начините за спротивставување на лажните вести, дезинформациските наративи, пропагандата и теориите на заговор.

Подобра комуникациска стратегија на сите државни институции, посебно во време на кризи,  со цел навремено и точно информирање. Со тоа би се лимитирал просторот за ширење на дезинформации.  Исто така, потребна е поблиска соработка и централизиран пристап на државните институции, на локалните и меѓународните НВО и организации во борбата против современите дигитални закани.

Креирање на релевантна база на податоци за традиционални и социјални медиуми, како и зголемувањето на важноста на регистарот на професионални медиуми, може да бидат од огромно значење во надминување на предизвиците со дезинформациите и пропагандата.

ЦИВИЛ Медиа: Со каква пропаганда и дезинформации најчесто се среќаваме, која е штетата и какви се последиците?

Џугуманов: Најчесто се среќаваме со партиско политичка пропаганда – интерна, која доаѓа од внатре и она која доаѓа преку соседните земји, а најчесто е оркестрирана од Русија – екстерната, која во најголем дел од случаите е поврзана со идентитетски, верски или други сензитивни општествени прашања, кои најчесто се испречуваат на евро-атлантскиот пат.

Странските малигни активности претставуваат воедно причина, но и последица на слабите и ранливи општества и влади. Различни фактори, вклучително и домашните актери и политики играат силна улога во градењето отпорност кон странско влијание.

Ваквите појави прават огромен раздор во општеството, ја зголемуваат поларизацијата, но и се почесто влијаат и на социо-економските услови и ја зголемуваат безбедностната дилема кај граѓаните.

ЦИВИЛ Медиа: Какви активности преземате за справување со ваквите деструктивни појави?

Џугуманов: Евро-Атлантскиот Совет на Северна Македонија преку двогодишниот проект ,,Разоткривање и изложеност на државите засегнати од руските дезинформациски операции: Автоматска анализа, мониторинг и проценка на ранливост”, предводен од ГЛОБСЕК институтот од Словачка кој започна  во 2018 година, а беше имплементиран во 8 држави од централна и југо-источна Европа, работеше на истражување на пропагандата и дезинформациите преку мапирање на он-лајн дезинформации и нивни извори, како и на анализирање на јавните ставови и ранливост кон пропаганда и лажни информации преку користење на уникатни квантитативни и квалитативни информации и алатки. Еден од резултатите: http://vulnerabilityindex.org/north-macedonia.html

Преку проектот: „Информации против Дезинформации: Градење на отпорност кон дезинформациски практики во пост-Ковид опкружување во Северна Македонија“, кој пред се беше ориентиран кон младите, примарна цел беше да се намали неселективниот прием на дезинформации, кои се се поприсутни во новата реалност во Северна Македонија, во голема мера како нуспроизвод на пандемијата Ковид-19.

Во склоп на овој проект, беше направено квантитативно и квалитативно истражување на темата, главно со млади луѓе. Беа реализирани 8 интервјуа со експерти и млади професионалци, 4 фокус групи, како и над 155 прашалници од кои беа направени инфографици со цел подобра презентација на резултатите.

Исто така, проектот влијаеше на градење на долгорочна отпорност на општеството преку едукација и информативни алатки и техники.

Проектот насловен „Генерација Z: Градење отпорност кон дезинформации “, беше организиран во партнерство со Атлантскио Клуб на Бугарија, поддржан од Стејт Департментот на САД. Ова заедничко истражување се фокусираше на откривање на значењето и последиците од мемињата со политичка содржина, како и на одговарање на прашањето кои се пропагандните техники кои се користат во овие слики со забавна содржина што секој од нас ги гледа на социјалните мрежи.

Во првата фаза беше спроведено истражување на повеќе од 1000 мемиња на политички, економски и социјални теми распространети во Бугарија и Северна Македонија. Вториот дел од овој проект имаше за цел организирање на 3-дневен тренинг за медиумска писменост и борба против лажните вести, наменет за над 40 студенти и млади професионалци – новинари, вработени во невладини организации и институции.

Проектот ,,Зајакнување на демократската отпорност во Северна Македонија: Справување со прирачникот на Кремљ во Југоисточна Европа” имаше за цел да го мапира Руското влијание во земјата преку економски врски и потенцијалните влијанија во медиумите, посочи Џугуманов.

https://csd.bg/events/event/strengthening-democratic-resilience-in-north-macedonia/ .

Анета Тасова


Интервјуто е дел од проектот „Отпорно новинарство во борба против дезинформациите и пропагандата“ кој ЦИВИЛ го спроведува во партнерство со Youth4Media (Y4M), со поддршка од Владата на Северна Рајна-Вестфалија, Дизелдорф, Германија.

Tags: дезинформацииинтервјуМедиумипропагандаЦивилЏугуманов
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ