• Latest

ДИК, ДКСК, Министерство за правда, избори… Кој да му ја мисли?!

April 24, 2018

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
Фото: crimea-platform.org

Крим под руска окупација: Политички прогон, милитаризација на децата и борба за деокупација во фокусот на самитот во Њујорк

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Божиновска бара извинување и најавува суд, СДСМ бара истрага за набавката на броила

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026
Христијан Мицкоски, Њујорк, 21 септември 2026 (скриншот, видео)

Мицкоски од Њујорк: Остануваме на европскиот пат, нејасно со кои конкретни чекори

September 22, 2026

На Меѓународниот ден на мирот, рускиот агресор продолжи со терор: Во Запорижја оштетени станбени згради, трговски центар и универзитет

September 21, 2026

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

ДИК, ДКСК, Министерство за правда, избори… Кој да му ја мисли?!

April 24, 2018 18:35
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија (ДИК) и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) работат исклучиво преку стручните служби. Причината е едноставна: по бранот оставки поради притисокот во јавноста, по разоткривањето на нивните коруптивни и расипнички практики, овие две институции останаа обезглавени.

Пишува: Биљана Јордановска

И додека се одолговлекува процесот на именување на нови членови, остануваат отворени прашањата за тоа како ќе се одвиваат подготовките на претседателски избори во 2019 година, дали ќе има доволно време за организираат слободни избори, дали Избирачкиот список и изборната администрација ќе останат главните пречки сите да го остварат своето гласачко право… Дека никој нема намера да ги повика ДИК-овци на одговорност, видовме со самата одлука да им се даде богата и мрсна (л)апанажа…

Во меѓувреме, изборната администрација тврди дека интензивно работи на обуки за администрирање на гласачите, особено на лицата со посебни потреби, во време на избори.

Што се однесува до Антикорупциска, логично е прашањето колку дополнително се продлабочува корупцијата во земја во која токму антикорупциската комисија заглави во корупциски скандал… Дали членовите на ДКСК ќе бидат земени на одговорност или и за нив ќе се обезбеди богата „награда“ за корупцијата?

„Државната комисија за спречување на корупцијата ја известува јавноста дека со оглед на тоа што на 19 март 2018 година од страна на Собранието на Република Македонија е донесена Одлука за разрешување членови на ДКСК, со која се разрешени од функцијата пет членови на ДКСК, во претстојниот период нема можност да одлучува и решава по однос доставените барања и пријави од странките, во согласност со начинот на работа на ДКСК, утврден во член 51 од Законот за спречување на корупцијата.

Во смисла на наведеното, известуваме дека Секретаријат како стручна служба на ДКСК, ќе постапува и ќе ги врши административните и техничките работи на ДКСК и преку архивата и службената електронска пошта на ДКСК ќе ја прима и администрира целокупната документација што ќе пристига на адреса на ДКСК“, се вели во соопштението на ДКСК од 29 март. Претходно ја бранеа корупцијата, нарачуваа пресметка со невладините организации преку УЈП и финансиската полиција, а сега не мораат буквално ништо да работат. Браво!

Во меѓувреме, двете државни институции зависат од договорите меѓу партиите. Од средбата на премиерот Зоран Заев со новиот челник на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, во март, произлезе договор според кој од септември ќе бидат готови промените во Изборниот законик и дека ДИК ќе ја водат независни експерти со вклучување на партиски кадри шест месеци пред изборите.

Во март беше предвиден и состанок на работна група составена од претставници на партиите и на граѓанското општество во Министерството за правда, на која конечен резултат би бил консензус за изборните реформи по предлог на министерството.

На средбата со свој претставник требаше да учествува и ЦИВИЛ. Претходно, своите препораки за изборните реформи ЦИВИЛ ги достави до поранешниот министер за правда, Билал Саљији, кој во разговорот со нас рече дека одлуката ќе зависи од договорот меѓу парламентарните партии. И толку…

ЦИВИЛ не доби покана за средба и нема сознанија дали таа воопшто се одржала. Судбината и на Министерството за правда е неизвесна, по оставката на Саљији, поради случајот со Алмир или поради високите ресторански сметки (кој да знае?). Значи, уште една важна државна институција е обезглавена. Да не зборуваме за тоа дека изби и пожар во самото министерство во кој настрада и архивата.

Дека планот за ДИК останува ист, потврди и Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, која е дел од работната група на СДСМ што преговара со ВМРО-ДПМНЕ токму на прашањата околу изборните реформи.

Шекеринска, на почетокот на април, го пренесе истиот став околу решавањето на прашањето за ДИК и тоа, како што изјави за медиумите, согласно забелешките на ОБСЕ/ОДИХР.

„Се постигна согласност да се врати претходниот модел на ДИК со претседател од опозицијата и мнозинство на владејачките партии“, додавајќи дека оваа решение стапува на сила од септември, откако ќе се утврдат сите измени во Изборниот законик. До токаш треба да се формира ад-хок независно експертско тело. Во јавноста сѐ уште не е познато кои се експертите, ниту пак кој ќе ги претставува политичките партии во ДИК.

Препораките и за ДИК и за ДКСК остануваат исти. ЦИВИЛ ја алармираше јавноста веднаш по оставките во ДКСК дека процесот не смее тука да запре и дека не смее да се води по теркот на ДИК. Двајца антикорупционери сѐ уште се на функција и од последните информации стручната служба, како што велат од ДКСК, беспрекорно работи. Иако во своето соопштение тврдат нешто сосема спротивно.

За Парламентарната комисија за прашања за избори и именувања останува препораката, доколку некој од поранешните членови на ДКСК побара апанажа, да не се повтори случајот со ДИК. А за ДИК, останува гласното барање за поднесување одговорност.

Но, сѐ уште останува неизвесно, ако веќе се завршило со преговори, кога јавноста ќе види брзо решавање на проблемите и во двете институции.

Tags: ДИКДКСКпрепоракиреформирешенијаЦивил
Share35TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ