Во Р. Македонија нема систем за заштита на жените и девојките со попреченост кои се жртви на некоја форма на насилство. И оние специјализирани сервиси кои постојат не се пристапни и прилагодени за потребите на оваа ранлива група. Насилството врз жените и девојчињата со попреченост мора да се препознае како сериозен општествен проблем и да му се посвети должно внимание.
Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, во соработка со Министерство за здравство на Р. Македонија и агенциите на ОН, организита панел дискусија на тема „Жени и девојчиња со попреченост – потенцијални жртви на родово базирано насилство“ која ќе се одржи на 30 ноември 2017 г. (четврток), со почеток во 11:30 часот, во хотел Холидеј Ин – Скопје.
На панел дискусијата ќе говорат Луиза Винтон, Постојана координаторка на ОН и постојана претставничка на УНДП, Мила Царовска, Министерка за труд и социјална политика, како и претставнички и претставници на организацијата домаќин на настанот, УНИЦЕФ и други.