• Latest

Додека нема политичка одговорност, немаме сериозна демократија

March 27, 2018
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Додека нема политичка одговорност, немаме сериозна демократија

March 27, 2018 12:44
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на новинарите на Македонија со соработка со ОнЛимит Медиа, вчера ја организираа дебатата на тема „Предизвици на Владата и институциите во зголемување на транспарентноста пред медиумите и граѓаните“, на која учествуваа министерот за транспарентност и отчетност Роберт Поповски, претседателот на ЗНМ, Насер Селмани и новинарката Сашка Цветковска.

„Се додека нема политичка одговорност, но и санкции за овие функционери кои не даваат информации, кои се побарани од страна на новинарите, не може да се смета дека имаме сериозна демократија“, истакна претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

Тој во своето обраќање рече дека е добро што Владата има декларативна заложба за да биде транспарентна и има преземено мерки со цел новинарите да имаат повеќе информации, но дека непочитувањето на правото на новинарите за слободен пристап до информации е кршење на слободата на изразувањето.

Според министерот Поповски, Владата е целосно посветена за зголемување на транспарентноста и отчетноста кон јавноста и медиумите.

„Транспарентноста и отвореноста кон јавноста значат одговорно владеење. Оваа и многу други дебати се активности во тој правец за тоа како можеме сите заедно да ја промениме културата на политичкото однесување во општеството, а ние сме посветени да го направиме тоа“, истакна тој.

Според новинарката Сашка Цветковска, Владата го променила односот кон медиумите и новинарите, но проблемот кој останува е неодговорноста на институциите и на јавните функционери кога има јавен податок, кога тој ќе биде пренесен во медиумите и ќе биде евидентно сфатено дека има злоупотреба на службена должност и прекршување на одредени закони, а кога не се постапува од страна на институциите.

А.П.

Tags: дебатаЗНМНасер СелманиновинариРоберт ПоповскиСашка Цветковскаслободатранспарентност
Share7TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ