„Мислам дека сега е навистина моментот за Северна Македонија да продолжи да ја споделува својата сила и моќ да оди напред кон Европската унија. Можам да разберам дека уставните измени ќе бидат мошне тешки, но, навистина верувам дека тоа е последната шанса. Вие веќе толку многу направивте, мислам веќе имате изменето толку многу закони, вашите реформи, Преспанскиот договор, за да се приближите до Европската унија, што сега е навистина моментот да се приближите, дури уште повеќе да се приближите до Европската унија и да ги направите уставните измени. И лично знам, уверен сум дека можете да го направите тоа.“, порача Амбасадорот на Големото Војводство Луксембург во Скопје, Белград, Тирана, Подгорица и Сараево, Филип Донкел во разговор за ЦИВИЛ Медиа.