Два прислушувани разговора, од кои едниот необјавен, ќе можат да се користат како доказ во судската постапка за предметот „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство, одлучи Апелационен суд – Скопје.
Во една од снимките што беше јавно објавена се слуша разговор меѓу поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и лидерот на ДПА Мендух Тачи во кој тие се договараат за гласање во однос на поднесени приговори за изборите во ДИК за време на локалните избори во 2013 година.
Во „Титаник 2“ обвинети се Мијалков, Тачи, поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска и Влатко Сајковски, актуелниот член на ДИК, Сашо Срцев, како и пет судии во Управниот суд. Мијалков е обвинет за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание, додека останатите се товарат за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување.
Претходно, Основниот суд Скопје 1 реши да ги издвои „бомбите“ од доказниот материјал.
Д.М.