• Latest

Двете Кореи разгледуваат склучување мировен договор, Ким сака средба со Трамп

May 27, 2018

Теророт на рускиот агресор врз Украина: За една недела 2.100 дронови, 1.700 наведувани бомби и 78 ракети

September 13, 2026

Со кое право барате отчет?

September 13, 2026

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 13, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Комуњарски-вмровци

September 13, 2026

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Десетици илјади на „Маршот за слобода“ во Приштина – собир што ги надмина партиските поделби

September 12, 2026

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
Одеса, 12 септември 2026

Продолжува рускиот терор против цивилите: Одеса под масовен напад, повредени 35 лица, меѓу нив и петмесечно бебе

September 12, 2026

Американската пошта развива избрзан и дефектен систем за гласачките ливчиња по наредба на Трамп, предупреди свиркач

September 12, 2026

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Двете Кореи разгледуваат склучување мировен договор, Ким сака средба со Трамп

May 27, 2018 10:51
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Северна и Јужна Кореја разгледуваат отпочнување преговори за склучување мировен договор, кој би офатил и ветување од САД за ненапаѓање, соопшти висок претставник на властите во Сеул.

– За успех на средбата на врвот Северна Кореја-САД разгледуваме различни начини да ја смириме севернокорејската вознемиреност по прашањето на бебзедноста. Тоа би вклучило крај на непријателските односи, взаемно ветување за ненапаѓање и почетокт на прегооври за мировен договор, што ќе ја замени сегашната спогодба за примиерја, нагласи истиот извор.

Во исто време, јужнокорескиот претседател Мун Џе-ин изјави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на вчершаната нивна средба му ја потврдил својата желба да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп на 12 јуни во Сингапур.

– Ким Џонг-ун ја потврди и својата посветеност на денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров, изјави денеска Мун на прес-конференција во Сеул, посветена на неговата вчерашна средба со севернокорејскиот лидер во пограничното место Панмунџом.

Мун Џе-ин

Мун нагалси дека Пјонгјанг е вознемирен поради тензиите во односите со Вашингтон и затоа сака билатерални средби со САД за гарантирање на безбедноста на земјата.

– Се надевам дека по успешните преговори меѓу лидерите на САД и Северна Кореја, ќе се одржи и трилатерана средба на врвот со учество и на Јужна Кореја, на која ќе биде потпишан и документ за официјално завршување на Корејската војна, додаде Мун.

Трамп синоќа изјави дека САД продолжуваат да се залагаат за одржување на првиот во историјата американско-севернокорејски самит на 12 јуни во Сингапур и подготовките за него се одвиваат добро.

Доналд Трамп ЕПА

– Многу добро се подготвуваме во врска со средбата на врвот со Северна Кореја. Се се одвива убаво. Ќе видиме на 12 јуни во Сингапур. Тоа не се промени, Ќе видиме што ќе се случи, изјави Трамп по средбата со Американнецот Џошуа Холт, кој вечера беше ослободен од Венецуела, по две години минати во затвор.

Трамп во четвртокот ја откажа неговата средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, закажана за 12 јуни во Сингапур, поради, како што нагласи, меговиот „огромниот гнев и отвореното непријателство во неодамнешната изјава“.

– Се радував однапред дека ќе бидам таму со вас. За жал, поради огромниот гнев и отвореното непријателство манифестирано во последната изјава, сметам дека е непримерно, во овој момент, да се одржи овој долго планиран состанок, напиша Трамп во писмо упатено до севернокорејскиот лидер, со кое ја откажа средбата.

Меѓутоа, Трамп во петокот изјави дека сепак е можно да се сретне со Ким на 12 јуни во Сингапур, како и што беше планирано. Тој порача дека ќе почека да види што ќе се случи во услови кога „сите играат игри”, додавајќи дека првичниот датум за средбата и натаму е во игра.

Сара Сандерс ЕПА

Белата куќа вчера соопшти дека нејзин тим ќе отпатува за Сингапур како логистичка поддршка за подготовка на евентуална средба меѓу Трамп и Ким.

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс изјави дека логистичкиот тим ќе отпатува за Сингапур за да го подготвува самитот, како што било планирано и пред откажувањето на средбата од страна на Трамп. (МИА)

Tags: ДоговорЈужна КорејаСАДСеверна Корејасредба
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ