• Latest

ДЗЛП: Медиумите да го почитуваат Законот за заштита на личните податоци

January 16, 2017

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ДЗЛП: Медиумите да го почитуваат Законот за заштита на личните податоци

January 16, 2017 13:48
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Откако до Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП), биле испратени неколку иницијативи за вршење на инспекциски надзор врз медиуми, односно информативни интернет-портали, со цел утврдување на прекршувања на Законот за заштита на личните податоци, Дирекцијата преку соопштение побара од медиумите да се придржуваат до начелата предвидени во Законот.

„Им укажуваме на сите онлајн-портали и печатени медиуми дека е потребно да иницираат бришење на личните податоци, односно, минимизирање на обемот на личните податоци што се објавуваат во согласност со целта која треба да се исполни при објавата, заради правично, соодветно, релевантно и не преобемно утврдување на категориите на лични податоци (презиме, име, адреса на живеење – населено место и улица, податок за своерачно потпишување) на граѓаните (субјекти на лични податоци)“, се вели во соопштението.

ДЗЛП  укажува на на член 8 од Законот за заштита на личните податоци: „Забранета е обработка на посебните категории на лични податоци“.

Обработката на лични податоци може да се врши само во исклучителни ситуации. Конкретно, правилата за обработка на матичниот број како личен податок, се опфатени со член 9 од истиот закон.

Од ДЗЛП, објаснуваат дека матичниот број на граѓанинот може да се обработува само по претходна изречна согласност на субјектот на лични податоци, за остварување на со закон утврдени права или обврски на субјектот на лични податоци или контролорот, и во други случаи утврдени со закон.

Во изминатиот период, дел од порталите во Македонија, со објавување на лични податоци, неретко ги прекршуваат овие два члена.

Еден од тие случаи е и објавувањето на личната карта на претседателот на ЦИВИЛ-Центар за слобода, Џабир Дерала, на порталот „Дудинка“. По поднесување на Барање за утврдување на правото на заштита на лични податоци, ДЗЛП, утврди повреда на тоа право и беше забранета натамошна обработка на личните податоци на Дерала.

М. Теговска

Tags: ДЗЛПлични податоциМакедонијаматичен бројМедиумиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ