Министерот без ресор во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, донесе решение за формирање работна група за изготвување на Национална стратегија за соработка со дијаспората во периодот 2018-2023 година.
Работната група, која има 46 членови од државни институции, културни установи и граѓански организации, стратегијата треба да ја изготви до 2018 година.
Кабинетот на Адеми, како што соопштија оттаму, ќе ги врши административно-техничките работи на работната група, а за одредени специфични прашања, координаторот на работната група може да вклучи и други претставници на органите на државната управа, како и други стручни лица.
Министерот Адеми решението го донел врз основа на заклучок од владина седница.
[divide]
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.