„Јас сум Албанец, но многу ми е битно како ќе се вика државата и сакам да се видам себеси во името, симболите и химната на државата“, изјави Африм Гаши од БЕСА на дебатата „За името се работи“, во организација на ЦИВИЛ, како дел од серијата мултимедијални настани Перспективи 2.0.
„Јас мислам дека името треба да биде прифатливо за сите граѓани на државата. Имам чувство дека овој дијалог не сме го отвориле до крај како што треба. Мое чувство е дека македонската заедница како најголема и најбитна, се однесуваше игнорантски кон другите заедници… Јас никогаш не би прифатил да се реши името на штета на моите сограѓани… Многу е битно ние како граѓани во оваа држава од различни заедници да имаме име на држава каде сите ќе се видиме себеси и ќе ја чувствуваме таа држава како наша. Од таа точка спорот со Грција може да добие друга димензија…“, изјави Гаши.
Според Гаши потребно е конечно да се разбере дека Македонија е мултиетничка држава и дека првенствено не треба да биде загрозен етничкиот и културен индентитет на Македониците, но истовремено треба да се има предвид дека и другите зедници треба да се чувствуваат комотно со името на државата и државниот индентитет.
„Додека не ги решиме внатрешните конфликти, потешко ќе биде решавањето на спорот со Грција“, заклучи Гаши.
Биљана Јордановска
Камера: Атанас Петровски