• Latest

Глобална иницијатива против транснационалниот организиран криминал: Кешот е крал – како руската агресија против Украина влијае врз нелегалните финансиски текови на Балканот

July 24, 2023
Фотографија: Колаж/АП

Шенжен: Трамп повика на дијалог, Си на соработка, Путин на заедничко решавање конфликти

November 19, 2026
Јана Коцевска (фото: ИМА)

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тврдењето на Сиљановска-Давкова падна при основна проверка на фактите: Уставниот „рекорд“ не постои

November 19, 2026
Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје (Wikipedia)

Скопје меѓу „шампон“ и ѓубре: Што велат 247 коментари за првата година на Орце Ѓорѓиевски?

November 19, 2026

Европска комисија предлага нови 45 милијарди евра за Украина во 2027 година

November 19, 2026

Правилното чување на тутунот е важно за зачувување на квалитетот пред откупот

November 19, 2026
Поморскиот сообраќај во Црното Море се соочува со зголемени безбедносни ризици. (Фото: Mosbatho / Wikimedia Commons, CC BY 4.0)

Два поморски инцидента за два дена во Црното Море, спасени 31 морнар

November 18, 2026
Гордана Сиљановска-Давкова гласа за вториот круг на претседателските избори во 2024. Фото: Toshe Ognjanov (VOA). Извор: Wikipedia

Сиљановска-Давкова и „рекордот“ во бројот на уставни измени: Тврдењето падна на проверката на фактите – статистиката во служба на националистичката реторика

November 18, 2026
Анти-владини протести, Братислава, 17 ноември 2026 (Фото: Скриншот од видео на APT News)

Словачка: Илјадници демонстранти протестираа против владата на Роберт Фицо

November 18, 2026
Беџ на АНБ (фото: Архива на Слободен печат)

АНБ и МВР разоткрија мрежа поврзана со Иран: Петмина уапсени поради сомневања за подготовка на атентат во Грција

November 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Глобална иницијатива против транснационалниот организиран криминал: Кешот е крал – како руската агресија против Украина влијае врз нелегалните финансиски текови на Балканот

July 24, 2023 16:10
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Глобалната Иницијатива против Транснационалниот Организиран Криминал (ГИ-ТОК) објави нова студија поврзанa со влијанието на руската агресија против Украина врз нелегалните финансики текови на Западен Балкан насловена како “Кешот е крал”.

Новиот извештај објавен денеска, предупредува дека слабото владеење на правото, организираниот криминал и големата „сива“ економија во земјите од Западен Балкан – и војната во Украина – им овозможиле на руските незаконски финансиски текови (НФФ), да се прошират низ регионот и да се извршат негативно влијание врз клучните процеси на донесување одлуки во регионот.

Истражувачката Вања Петрова во публикацијата информира дека стратегиската географска положба на Балканот, делува како порта меѓу Азија и Западна Европа, а заедно со екосистемот на заробени држави, институционалните слабости, организираниот криминал и неконтролираната сива економија, го прават регионот особено подложен на Нелегални финансиски Текови (НФТ).

„Овој факт активно беше искористен од големите играчи како Русија, Кина и ОАЕ за да влијаат врз донесувањето одлуки на клучните пазари и институции“, додава Петрова.

Кремљ постојано ја искористи својата интеграција во западниот финансиски систем за да ги искористи празнините во управувањето преку корозивниот ефект на незаконското финансирање. Оваа опасност доби нови и потенцијално поголеми димензии со почетокот на руската војна во Украина“, вели таа.
Заедничкиот извештај на GI-TOC и CSD проценува дека глобалните НФТ вредат околу 1-1,6 трилиони американски долари годишно, што претставува 3-5 отсто од светскиот бруто домашен производ, БДП.

Во публикацијата се наведува дека откако Русија ја нападна Украина во февруари минатата година, беа воведени многу санкции, вклучително и замрзнување од страна на земјите од Г7 на руските резерви во вредност од околу 315 милијарди американски долари кои се чуваат во Централната банка на Русија.

Заедничкиот извештај на GI-TOC и CSD ги испитува новите трендови поврзани со нелегалните финансиски текови и влијанието на војната во Украина. Со оглед на стратешката локација на регионот меѓу Истокот и Западот и неговата близина до конфликтот, студијата ја нагласува ранливоста на Југоисточна Европа од влијанието на случувањата врз Македонската но и регионална економија.

Русите избегнуваат санкции преку Западен Балкан „со нивната комбинација на државно и медиумско заробување, тлеење етнички поделби, бавно темпо на пристапување во ЕУ и наследството на руската когнитивна пристрасност“.

Според извештајот, од 2014 година, Босна, Бугарија и Србија не ги следат санкциите на ЕУ против Русија, додека и Северна Македонија и Црна Гора обезбедија таканаречено државјанство за инвестирање на руските граѓани, и покрај критиките од ЕУ.

Албанија сè уште не ја применува програмата за „фискална амнестија“ која ќе му овозможи на секој албански или странски државјанин да депонира до 2 милиони евра непријавени пари во банкарскиот систем, но не ја отфрлила ниту идејата.

Шверцот на луѓе, оружје и готовина ги олесни нелегалните активности од почетокот на војната во Украина. Шверцуваните пари главно се сокриени во автомобили или скриени меѓу легитимни производи во транспортни камиони или контејнери за транспорт.


Линк до публикација: https://globalinitiative.net/analysis/ukraine-war-iffs-south-eastern-europe/
Tags: Западен БалканКорупцијакриминалруска агресија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ