• Latest

Генерал Кларк: Додека САД и ЕУ спиеа, други сили се активираа на Балканот

April 12, 2018
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Генерал Кларк: Додека САД и ЕУ спиеа, други сили се активираа на Балканот

April 12, 2018 10:41
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Мнозинството Американци и Европејци смета дека прашањето на бруталниот конфликт во Западен Балкан е решено, но, за жал, тоа е далеку од вистината, пишува во авторскиот текст за весникот „Вашингтон Пост“, пензионираниот американски генерал Весли Кларк, кој командуваше со силите на НАТО во 90-те години на минатиот век.

– Минаа повеќе од две децении од кога со Ричард Холбрук и нашиот тим преговарав за завршување на војната во БиХ. НАТО тогаш реагираше и го стопираше  српското етничко чистење во Косово. Денес тие држави од регионот се членки на НАТО, а две членки на Европска унија. Косово е независно, пишува Кларк.

Но, според него, дека честите политички судири од „етно-религиски карактер меѓу тие нации“ континуирано се закануваат да „метастазираат во национална и регионална криза, правејќи го регионот примарна мета за вплеткување на странски сили“.

Мешавината на лошото владеење, економска стагнација и слабите институции направија „мало, но значајно малцинство ранливо на регрутирање од страна на насилните џихадисти”, смета американскиот генерал. Сето ова го прави регионот простор, кој го експлоатираат терористичките организации и држави, како Русија, Кина и Турција.

Кларк вели дека САД поголемиот дел од обврските и ги предале на ЕУ, со оглед на тоа дека иднината на земјите од регионот е во блокот.

-Но, додека САД и Европа спиеа, други сили се активираа, вели тој.

Кремљ, според него, го зајакнува своето влијание и поттикнува спротивставување на ЕУ и НАТО, поддржувајќи екстремистички групи, обезбедувајќи воена помош и разгорувајќи етнички поделби, кои ги „вртат православните против муслиманите” намерно подигајќи „тензии, кои беа гориво за војните во деведесеттите години”.

Тој, исто така, пишува за зајакнување на улогата на Турција и за „донации од Саудиска Арабија за џамии и верски организации”. Според него и Кина го бара своето место, нудејќи инвестиции за инфраструктурни проекти кои „секогаш доаѓаат со одредени услови”

– САД и Европа мора да останат посветени на Западен Балкан. Подрачје на слободна трговија е добра идеја, но таа не може да ги замени гаранциите кои ги даваат НАТО и ЕУ. Мора да постои јасен патоказ за членството во ЕУ. Иако народите во регионот не се согласуваат со многу прашања, тие се единствени во спротивставувањето на ИД и во  економските проблеми, наведува Кларк.

Тој додава дека мора да осигура оти милијардите долари инвестирани во регионот нема да пропаднат.

– Имаме многу начини за спречување на мрачната дестабилизација на Западен Балкан. Да ја потврдуваме нашата посветеност во помогањето на овие демократии да го достигнат својот целосен потенцијал, заклучува генералот Кларк. 

[divide]

Извор: МИА

Tags: анализаБалканЕУСАД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ