На Архитектонскиот факултет денеска напладне ќе биде отворена годишна изложба на студентите од овој факултет.
На изложбата ќе бидат прогласени и најдобрите трудови на студентите по архитектура учесници на конкурсот за идејно решение за обнова на фасадите на Цементарница УСЈЕ- Скопје со хортикултурни елементи.
На изложбата ќе се обратат Огнен Марина, декан на Архитектонскиот факултет, и Борис Хрисафов, генерален извршен директор на УСЈЕ.
[divide]
Извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.