• Latest

Граѓан(к)ите генерално се песимисти во поглед на економската состојба!

February 22, 2017

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Граѓан(к)ите генерално се песимисти во поглед на економската состојба!

February 22, 2017 15:09
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Големо мнозинство од граѓан(к)ите во Македонија (70,4%), се убедени дека економската состојба во државата годинава ќе се придвижи на полошо или ќе остане во иста состојба. Наспроти овој процент кој зборува за генералниот песимизам помеѓу испитаниците, само 24,8% се позитивно настроени и сметаат дека економската состојба ќе се подобри, покажуваат податоците од последната анкета на агенцијата „М- Проспект“.

Анкетата го испитуваше и јавното мислење за стабилноста на пензиското осигурување. Во однос на ова прашање, граѓан(к)те се поделени во своите размислувања.

49% од анкетираните целосно или „до некаде“, имаат доверба во пензискиот систем, а 45,5 % од испитаниците воопшто или „до некаде“, немаат доверба дека пензиското осигурување ќе биде во можност да се грижи за идните пензионери.

Кога ќе се земе предвид возраста на испитаниците, интересно е дека младите од 15 до 34 години покажуваат поголемо ниво на доверба во иднината на пензискиот систем од постарите граѓани.

Граѓан(к)ите се со различни ставови за тоа кои се настаните што ќе ја одбележат 2017-та година.

Излезот од политичката криза е главен настан за 31,8 % од испитаниците, а за 19,8% тоа ќе бидат локалните избори. Првите судења за обвиненијата од Специјалното јавно обвинителство ќе ја одбележат годинава според 15,8% од испитаниците.

Во однос на релацијата САД – Македонија, една третина од граѓаните (37,3%) сметаат дека претседателот Доналд Трамп, ќе влијае позитивно врз Македонија, додека 20,4 % сметаат дека неговото влијание врз Македонија ќе биде негативно. Доколку ова прашање се разгледува низ етничката припадност на испитаниците, може да се забележи дека 39,9% од етничките Македонци веруваат дека Трамп позитивно ќе влијае, наспроти 38,3% од етничките Албанци, кои сметаат дека неговото влијание ќе биде негативно.

Анкетата е спроведена во текот на февруари на 1.000 испитаници како национален репрезентативен примерок.

Tags: анкетаекономијаизборијавно мислењеМ-Проспектпензиски системСАДСЈО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ