• Latest

Граѓаните на барикадите: Протести за одбрана на европските перспективи на улиците во Грузија, Молдавија, Романија, Словачка, Србија

January 20, 2025
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИСКУ – Црното Море, бојно поле пред портите на НАТО: Дронови потопуваат бродови, Бугарија бара одговори од Москва и помош од НАТО и ЕУ

October 13, 2026

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Граѓаните на барикадите: Протести за одбрана на европските перспективи на улиците во Грузија, Молдавија, Романија, Словачка, Србија

January 20, 2025 11:30
in ПОЛИТИКА, ПРОЦЕСИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Крајот на 2024 година како да се пресликува на почетокот на 2025 година, со тенденција да продолжи во текот на истата, барем што се однесува до борбата за одбрана на загрозените европски перспективи во неколку источно евроски држави.

Се чини дека најзагрозени се ЕУ аспирациите во Грузија, каде на 28 октомври 2024 година започнаа протести откако владејачкиот про-руски Грузиски сон го освои мнозинството места во парламентот. Демонстрантите тврдеа дека изборите биле фалсификувани и бараа пребројување на гласовите и нови избори.

Протестите кои ескалираа откако владата објави дека ќе го одложи процесот на пристапување во Европската унија до крајот на 2028 година, продолжуваат и во новата година.

Молдавија беше на работ на ескалација  пред и за време на претседателските избори во 2024 година и референдумот за ЕУ, на кои Молдавците го потврдија својот проевропски став, во услови на значително руско мешање. Претседателката Маја Санду обезбеди втор мандат против кандидатот поддржан од Русија,  Сепак остануваат предизвиците за наредната година за кога се закажани парламентарните избори, кои уште отсега се означеми како клучни, при што се очекува Русија да продолжи со обидите да ја одврати Молдавија од нејзиниот европски пат.

Иако изгледа неверојатно, но европските вредности беа загрозени и во некои земји членки на ЕУ, повторно под директно и/ или индиректно влијание на Кремљ.

Така, во декември минатата година, околу 3.000 луѓе се собраа на Универзитетскиот плоштад во главниот град на Романија, за поддршка на проевропскиот претседателски кандидат неколку дена пред претседателските избори, критикувајќи го руското мешање, веејќи знамиња на Европската унија и извикувајќи „Слобода“ и „Европа“. Во првиот круг најмногу гласови освои екстремно десничарскиот аутсајдер Калин Георгеску, обожавател на Путин, што предизвика стравувања за иднината на членката на ЕУ и НАТО и предизвика протести особено кај младите. Уставниот суд на Романија по наводите и доказите за можно руско мешање ги поништи претседателски избори и нареди нивно повторување, кое се очекува во мај, што речиси сиурно ќе предизвика нов бран на тензии и неизвесност.

Про-ЕУ протести од 2024 година се прелеваат во 2025 година во уште една земја членка, Словачка, каде илјадници демонстранти се собраа во главниот град Братисклава во ноември минатата година на 35-годишнината од почетокот на Кадифената револуција за да се спротивстават на политиката на популистичкиот премиер Роберт Фицо. Протестот ја обедини опозицијата која смета дека Фичо е закана за демократијата.

Протестите против Фицо стануваат посилни на почетокот на 2025 година, кога илјадници Словаци, поттикнати од неочекуваното патување на Фицо во Москва на средба со Путин, излегоа на улиците на почетокот на јануари, да протестират против проруската политика на популистот Фицо, со транспаренти „Ние не сме Русија“ и „Ние сме Европа“.

Масовни протести кои започнаа во 2024 и продолжуваат и во 205 година се одвиваат и во нашето соседство, во Србија, каде илјадници граѓани, предводени од српските студенти, протестираат низ српските градови, барајќи оставка од владејачката (блиска до Москва) гарнитура, која ја обвинуваат за корупција и оддалечување од европските вредности кои го кочат евроинтегративниот процес на земјата.

А кај нас?


Текстот е личен став на авторот
Tags: ГрузијаЕУМолдавијаПротестиРоманијаруско влијаниеСловачкаСрбија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ