• Latest

ГРАЃАНСКИ ПРОТЕСТИ: Oбиди за манипулација, присвојување и замолчување!

February 3, 2025

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ПРОПАГАНДА

ГРАЃАНСКИ ПРОТЕСТИ: Oбиди за манипулација, присвојување и замолчување!

February 3, 2025 15:45
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Неколку дена власта се обидува вината за нефункционалниот систем да ја префрли на опозициската СДСМ, односно дека нефункционалниот систем на СДСМ е виновен за смртта на Фросина Кулакова на булевар „Партизански Одреди“ кај Универзална сала на 29 јануари.

Како реакција за случајот на Фросина, граѓаните организираа два протести во Скопје, Неготино и Квадарци од каде упатија порака за правда и конечно да почне да функционира системот.

Власта тврди дека протестите ги организира опозицијата, а провладините медиуми и ботови на социјалните мрежи заокружуваат луѓе и ги посочуваат како доказ дека протестите се опозициски.

Само да знаете кој организира… Шарена револуција 2 дел? Извршители на протестот Левица, финансиери СДСМ. Дали ќе дозволиме пак да не изиграат?, гласи една објава на Х платформата.

Како одговор на овој пост извесен Каизен на свој Х профил објави:

Приметувате вмровските ботови како почнаа да хистеришат оркестрирано деновиве? Во Србија ќе паѓа Вучиќ, а овде очигледно ги исплаши еден мал собир пред Силбо, па пробуваат одма да го скинат во корен. Лешинарска партија.

Друг профил на Х извесен Ѓорчеец, објави фотографија од една девојка од протестот за Фросина со коментар: Ова лице личи ли дека има жал што згасна еден живот. Па п*****и м***р од прв до последен од таа шарена револуција… Како бе не се најде еден да ги шамара додека фарбаат улиците гниди гнасни.Еден од коментарите на горенаведениот пост на извесен Вигор гласи: Овие ретардираниве сороспии треба да се газат како во Србија, нема веќе спонзорства од мјурика.Профилот Марга, вмровски бот, на својот Х профил објави фотографии со заокружени лица на дел од демонстрантите (позната метода од времето на режимот на Груевски) со коментар: Пиперкара и редари и елеци копирале од Белградските протести. А ова Црвенава Прцоречка младина Геријатрија. Не бе ова све на клоци, мора да ја исчистиме државава од овие паразити! 8 години СДСУЧК пепел ја направија Македонија сега се дигнале бе! Мрш п***а ви матер!

Несреќниот случај прв го исполитизира т.н. новинар Зоран Божиновски (Буревесник) кој на својот Фејсбук профил објави: За убиецот Васо Јованов да оди во поправен дом и да има заштита, наместо да оди во затвор ургирала Радмила Шекеринска.

Потоа објави уште еден статус: Oсвен од Шекеринска, убиецот Васо Јованов имал заштита од Драган Ковачки, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, екс полковник во АРМ. Колега на тато!

Извесен Јосиф Џолев на својот Фејсбук профил ги објави имињата и презимињата и фотографиите на реодителите на Васил, како и името и фотографијата на судијката Даниела Алексовска Сојановска која донела одлука наместо во затвор, да оди во поправен дом за поседување на 80 паковки дрога. И сето тоа го поврзал со Радмила Шекеринска.

Во пресрет на вчерашниот масовен протест на еден од скопските подвожњаци со појави транспарент на кој пишуваше: Радмила каде си? На местото на несреќата. #Фросина, #БарајЈаРада.

Ваквиот транспарент наиде на осуда од граѓаните.

Поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска ги демантирала ваквите лажни обвинувања и деодава дека за жал, очигледно е дека некои структури можат да продуцираат и најнелогични и целосно исконструирани лаги – доволно им е да имаат интерес и наредбодавател.

„Најдиректно сакам да ги демантирам СИТЕ такви наводи – тие се целосна, безобразна и исконструирана лага за која не постои НИКАКВА ОСНОВА. Одговорно тврдам дека со НИТУ ЕДНО од споменатите лица немам никаков контакт, познанство ниту пријателство: ниту со сторителот ниту со неговиот родител, а уште помалку со судијката што одлучувала за неговите предмети. Со ниту едно!“, вели Шекеринска.

И пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки демантира дека имал било какво влијание.

Лидерот на СДСМ и пратеник Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави дека провладини профили водат наратив дека опозицијата ги организира протестите, со тоа не само што ги навредуваат луѓето што протестираат, туку и покажуваат целосно отсуство на емпатија кон сопствениот народ.

„Наместо да преземат одговорност и да бараат решенија, тие повторно бегаат од вистинските проблеми и ја сведуваат јавната болка на политички пазар. Трагедијата треба да ја обедини нацијата во жалост и барање одговорност – не да се сведува на политичка пресметка. Обидот да се етикетира гневот на граѓаните како „опозициски организиран“ е само очајничка стратегија за да се одвлече вниманието од системските пропусти. Влада што се плаши од гласот на сопствениот народ веќе признава дека потфрлила. Историјата е сведок дека секоја власт што не ги слушала граѓаните, на крајот била казнувана“, вели Филипче.

Дехран Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ