ЗОРАН ИВАНОВ
Ступидноста на медиумските уредувачки политики појаснето во една реченица упатува на извештаите на репортерите, главно од македонските национални ТВ, како и на недоветноста на тамошните уредници според кои, како што со доза радост објавуваат, цитирам, „На власта ѝ недостасуваат 8 (осум) пратеници за да ги изгласа уставните измени“ и притоа редакциите, намерно или од професионални журналистички празнини, го игнорираат фактот дека на власта воопшто не ѝ се потребни 8 (осум пратеници), туку дека 8 (осум) пратенички гласови, 8 (осум) пратеници, ѝ се потребни на Македонија, а не на власта, туку за државата Македонија, а не власта, да го исполни условот за одржување на втората меѓувладина конференција со ЕУ, за земјава конечно да почне со отворање на реформските поглавја на нејзиниот пат кон целосна интеграција во Унијата, значи, пак, на Македонија, а не на власта, зашто, нели, „Власта е менлива, а Македонија е вечна“!