Бригадите ал-Касам, вооруженото крило на Хамас, најави дека ќе почне да убива заробени цивили доколку Израел продолжи да ги бомбардира цивилните домови во Газа, пишува Гардијан.
Портпаролот на Бригадите, Абу Обаида изјави дека засега тие се однесуваат согласно исламските правила и ги чуваат израелските затвореници.
„На секој неиспровоциран напад врз невини цивили ќе одговориме со егзекуција на еден заробеник. Ќе мораме да ја емитуваме таа егзекуција“, рече Обаида.
Г. Т.