Израел го обвини Хамас за прекршување на договорот за прекин на огнот, откако форензичкото тестирање покажа дека телото вратено од Газа во четвртокот не е на Шири Бибас, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Трите други тела што беа предадени се идентификувани како нејзините синови, Ариел и Кфир, кои би биле на возраст од пет и две години, и Одед Лифшиц, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ).
Но, четвртото тело не беше Шири, ниту било кој друг заложник, а премиерот Бенјамин Нетанјаху во петокот тврдеше дека Хамас „го ставил телото на жена од Газа во ковчег“.
Хамас сè уште не одговорил на ова, ниту на тврдењето на ИД дека момчињата „биле брутално убиени од терористи во заробеништво во ноември 2023 година“, според разузнавачките и форензичарите.
Подготви: Д. Мишев