• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

 И по Камчев – Керим: Ништо ново во ВМРО – ДПМНЕ

March 3, 2024

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

 И по Камчев – Керим: Ништо ново во ВМРО – ДПМНЕ

March 3, 2024 10:11
in ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Некогашниот директор и косопственик на МПМ, Срѓан Керим ( долгогодишен близок соработник и деловен партнер на Орце Камчев, финансиерот на ВМРО ДПМНЕ назначен на црната листа на САД) осомничен од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) за сторена „Злоупотреба на службена положба и овластување“, согласно член 353 од Кривичниот законик, за „Оштетување или повластување на доверители“ од член 257 став 3 од КЗ и за „Намерно предизвикување на стечај“!, директен виновник за згаснувањето на  дневните весници „Утрински весник“, „Вест“ и „Дневник“ и неделникот „Теа Модерна“, поради кого без работа и со неисплатени плати останаа неколкуте стотици новинари и технички персонал вработени во „Медиа Принт Македонија“, и печатницата „Графички центар Скопје (ГЦС), во сопственост на МПМ, се појави како делегат на конвенцијата на ВМРО – ДПМНЕ.

Името на Керим, некогашниот кандидат за генерален секретар на Обединетите нации и поранешен министер за надворешни работии и советник во Владата на времениот премиер Емил Димитриев се поврзуваше и со аферата „Евра во шише“, бидејќи во 2008 унгарските цариници открија 750.000 евра во кеш кај возачот на Срѓан Керим во „Медиа принт Македонија“, пари кои тој, иако имал обврска, сепак не ги пријавил кога ја преминувал границата. Возачот на Керим пред унгарските власти објаснувал дека еврата ги носи од МПМ во централата во Виена. Немало потреба да го спомене името на испраќачот.

Како куриозитет, фирмата во која заедно со Орце Камчев беше дел од сопственичката структура и директоруваше сегашниот делегат на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, ја финансирала изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ со 300.000 евра, а немала пари да исплати плати на вработените и да продолжи со работа.

Еве, ова се новите лица на иднината што ја нудат Мицкоски и ДПМНЕ:

Пајташот на Орце Камчев од Црната листа на САД, делегат на конвенцијата на ВМРО – ДПМНЕ
Меѓу делегатите на конвенцијата и пулените на Грујо, и еден бивш Љубчовист, новите лица на ВМРО – ДПМНЕ

И секако, најголемото освежување во понудата, претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова, кадарот на Бранко Црвенковки, министерка без ресор во првата политичка влада на СДСМ, далечната 1992 година.

Претседателската кандидатка на ВМРО – ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова министерка без ресор во првата Влада на Бранко Црвенковски ( во бело, веднаш до БЦ)

Да не биде „ не сте знајали“, после гласање џабе е каење.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia

ПРОЧИТАЈТЕ И:

Срѓан Керим фатен во орото со Орце Камчев

Tags: ВМРО - ДПМНЕделегатконвенцијаОрце КамчевСрѓан Керимцрна листа
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ