• Latest

Интензивна недела за преговорите, пред средбата Заев-Ципрас во Софија

May 8, 2018
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Интензивна недела за преговорите, пред средбата Заев-Ципрас во Софија

May 8, 2018 07:37
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Конечен договор за решавање на „македонскиот проблем“ се очекува на средбата меѓу премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, планирана за 17 мај на маргините на самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија.

На средбата и претходи интензивна недела на преговорите, во рамки на која се очекува да се отворат спорните прашања, пред се опсегот на употреба на името, но и барањето на Грција за измени во македонскиот Устав.

заев ципрас

Премиерот Заев во интервјуто за МИА на почетокот на минатиот месец рече дека кога ќе биде закажана следната средба меѓу него и Ципрас всушност ќе значи дека преговорите се при кај и оти решението е на повидок.

– Верувам дека тој процес се доближува до моментот кога треба да следува средба помеѓу мене и Ципрас. Тоа ќе значи дека напредокот во разговорите стинал до тоа ниво за да се премине и на ниво на премиери на државите. Ако слушнат граѓаните дека се закажува средба меѓу Заев и Ципрас, тоа значи конкретна практична потврда, дека преговорите се во вистинска насока и дека е можно да се дојде до решение, истакна Заев во интервјуто за МИА.

Грчкиот информативен портал „Њуз247“ јави дека е планирана тет-а-тет средба Заев-Ципрас доколку не се случи нешто непредвидено.

Дипломатски извори за „Њуз247“ потенцираат дека и покрај тешкотиите што постојат, постигнат е важен напредок и договор во поголемиот дел од темите во преговорите и покрај тоа што останува главната разлика за употребата на името ерга омнес.

Заев и Ципрас имаат „отворена телефонска линија, иако разговорите и контактите не се објавуваат.

заев ципрас

Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас по состанокот на маргините на квадрилатералната средба во Солун, каде, како што кажаа разгледувале комбинаторки за најспорните прашања, се очекуваа оваа недела повторно да се состанат најпрво тет-а-тет, а потоа и со медијаторот на Обединетите нации за спорот со името Метју Нимиц.

Димитров и Коѕијас ќе седнат а иста маса во Сунио во близина на Атина во рамки на министерскиот состанокот Вишеград 4 и Балкан 4, закажан за 11 и 12 мај.

В петок во рамки на конференцијата во Сунио, веројатно Димитров и Коѕијас ќе остварат нова билатерална средба. За в сабота е закажан состанок со медијаторот Нимиц, по тој во Виена, кој се одржа на 25 април, но од кој и Димтров и Коѕијас, а и самиот Нимиц излегоа без детали за разговараното.

Димитров Коѕијас Нимиц

По средбата во Солун, Димитров и Коѕијас најавија дека за разгледуваните комбинаторики ќе ги информираат премиерите на двете земји.

– Како што знаете разлики се уште има. Ова што вчера и денеска го правевме е испитување комбинации, кои едната или другата страна би можеле да ги прифатат и тоа е нашата задача. За овие елементи треба да разговараме и дома и да ја искористиме и следната средба, рече Димитров по средбата во Солун, која се одржа на 4 мај. Истакна дека прашањето е комплексно и влогот е многу голем.

Димитров нагласи дека главните разлики остануваа во однос на прашањето за промена на Уставот, што го бара грчката страна и прашањето за опсегот на употреба.

ДИМИТРОВ И КОЅИЈАС ВО СОЛУН

Коѕијас се надоврза дека на двете страни им е јасно дека не треба да се гледа кусогледо, туку треба да се фокусираат на решавање на проблемот.  И шефот на грчката дипломатија вели дека останува да бидат решени едно до две клучни прашања.

Како спорно останува и прашањето за Уставот, инстирирањето на грчката страна да се смени Уставот на земјата и инстистирањето на македонската страна сето тоа да се реши со меѓународен договор.

Портпаролот на Владата во Грција изјави дека предуслов за решавање на прашањето е поранешната југословенска Република Македонија да ја прифати обврската за промена на нејзиното уставно име.

Ѕанакопулос уште еднаш ја повторува грчката позиција за која смета дека би можела да биде прифатена и технички имплементирана од македонска страна за да постои одржливо решение.

Димитрис Ѕанакопулос

– Потребен е договор кој јасно ќе ги опише чекорите на решението. Промена на името во меѓународните односи, во продолжение признавање, на пример, од грчка страна, потоа промена на Уставот на поранешната југословенска Република Македонија за во Уставот да се вклучи новото име, а потоа поддршка од Грција  за интеграција на соседот во сите меѓународни организации. Ова е позицијата што ја претставивме во преговорите, вели Ѕанакопулос.

Македонија се надева дека прашањето за името ќе се реши до Самитот на ЕУ во јуни од кој очекува датум за почеток на преговорите, како и покана за членство на јулскиот Самит на НАТО. (МИА)

Tags: ГрцијаимеМакедонијаПреговориспор
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ