• Latest

Инциденти во Солун по повод настанот на СИРИЗА за договорот со Македонија

June 26, 2018
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Инциденти во Солун по повод настанот на СИРИЗА за договорот со Македонија

June 26, 2018 07:36
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Група маскирани лица синоќа предизвикаа инциденти во центарот на Солун во делот пред објектот на солунскиот саем, каде што треба да се одржи политичката дискусија на тема „Македонското прашање: придобивките од договорот и перспективите на Балканот“ организирана од СИРИЗА, јави дописничката на МИА од Атина.

Со палки, дрва, мермер и камења маскираните лица ја нападнаа полицијата која во голем број го обезбедуваше објектот. Групата успеа да ja откорне и метална врата, додека пак полицијата одговори со употреба на солзавец.

Подоцна, инцидентите се префрлија низ улиците на Солун, а маскираните лице запалија канти за отпадоци.

Првично, беше планирано настанот да се одржи во културен центар, но од безбедносни причини беше променета локација и закажана во просториите на меѓународниот саем. За сега нема информации за евентуално откажување или одложување на дискусијата.

Како што утрово објави МИА, СИРИЗА организира дискусија во Солун, за на граѓаните да им ги презентира придобивките од потпишаниот договор, додека пак како реакција и во знак на несогласување, навивачите на ПАОК, но и членови на солунско движење најавија протест.

На настанот организиран од владејачката партија, планирано е да говорат пратеникот од СИРИЗА од Солун, Триандафилос Митафидис, координаторот за европска политика во СИРИЗА, Јоргос Верверис и професорот по политички науки од солунскиот универзитет Аристотелис, Вермуд Орбаке.

Навивачите на ПАОК, пак, најавија „пречек како што им доликува“ и рекоа дека „нема да се одржи таков понижувачки пропаганден настан“.

солун

-На 17 јуни ја потпишаа нивната конечна и неотповиклива пресуда, отстапувајќи го македонското културно наследство и признавајќи паралелно македонски јазик и идентитет за една државичка на Словените. Но не останаа само на тоа, туку се обидуваат да не убедат за „огромниот успех“ на оваа нивна постапка и организираат настан за „придобивките“ од договорот, соопштуваат навивачите на ПАОК.

Независно од овој протест, на мирен собир, пред културниот центар во Солун повикуваа и од солунското движење под име „Движење Свирам“. (МИА)

Tags: ГрцијаДоговоримеМакедонијаПротести
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ