• Latest

Исполнета агенда на Хан, новата влада сé уште неизвесна

February 10, 2017

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Исполнета агенда на Хан, новата влада сé уште неизвесна

February 10, 2017 10:52
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

И по вчерашните одделни средби на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, со лидерите на политичките партии, остана неизвесно прашањето за формирање на новата влада.

Хан изјави дека не е дојден во Македонија да дава препораки и совети, туку да ги ислуша лидерите на партиите. Тој потенцираше дека одговорноста останува на политичарите во земјата и ја дообјасни препораката за широко базирана коалиција, според која, новата влада треба да биде изградена на солидна основа и да ја следи европската перспектива.

Поеднинечните средби започнаа со Емил Димитриев, но не е јасно во кое својство тој разговарал со еврокомесарот, имајќи го предвид фактот што Емил Димитриев е пратеник, а не легитимен претседател на Влада.

Според соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, на средбата биле акцентирани реформите кои се потребни за унапредување на стандардите во сите општествени сфери и е изразена посветеност кон продолжување на соработката во нивното спроведување. Димитриев, исто така, нагласил дека изјавите и постапките на определени политичари од соседните земји предизвикуваат негативни чувства кај граѓаните на Република Македонија.

Зијадин Села, еден од лидерите на коалицијата „Алијанса за Албанците“ изјави дека по денешната средба во македонското Собрание со еврокомесарот Јоханес Хан, заедно констатирале дека предвремени парламентарни избори само би ја комплицирале и така сложената политичка состојба во државата.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, по средбата со Хан, изјави дека чекаат писмени материјали од СДСM за да свикаат состанок на Централното претседателство кој ќе бил подолг поради важноста на одлуката што треба да се донесе за земјата.

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, по средбата со комесарот Хан, изјави дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ веќе имаат договорено влада, и дека само ги држат во неизвесност граѓаните на Македонија.

„На 28 јануари попладнето се виделе господинот Ахмети и господинот од ‘Алијансата за Албанците’, и се договориле Алијансата да ја поддржува владата меѓу Груевски и Ахмети: да гласаат за владата, да гласаат за претседател на парламентот кој требало да биде Албанец, и да гласаат за одредени системски закони кои се важни. Тоа се точните информации. Сé друго е шпекулација“, изјави Тачи за медиумите.

Зоран Заев, лидерот на СДСМ, по средбата со Хан, одговараше на новинарски прашања. „Господинот Ахмети рече дека чекал написмено од СДСМ, а не го побарал од ВМРО-ДПМНЕ, но ако. За нас, зборот е збор, без разлика дали е даден усно или писмено, бараат написмено, ќе добијат написмено“, изјави Заев.
Заев истакна дека СДСМ ќе гради партнерство со ДУИ, ‘Алијансата за Албанците’ и Беса.

По средбата на Хан со претставници на Беса, ЦИВИЛ Медиа разговараше со Африм Гаши. Тој го пренесе ставот на партијата дека СДСМ треба да го добие мандатот за формирање нова влада.

Средбата на Хан и Груевски, според повеќето медиуми, започнала со традиционалното доцнење на поранешниот премиер Груевски. Тој не дозволил снимање пред почетокот на средбата, ниту дал изјава по завршувањето на истата. Утрово, ВМРО-ДПМНЕ испрати соопштение според кое, средбата почнала на време, според договорениот термин, но партијата сé уште не ја извести јавноста за што разговарале Груевски и Хан.

Хан, според изјавите од повеќето лидери, им ја пренел пораката дека се очекува Македонија да ги забрза процесите, да се спроведе Договорот од Пржино и што е можно побрзо да се продолжи на патот кон евроатланските интеграции.

Денеска се очекува Хан да се сретне со претседателот Иванов, како и да ги предаде сертификатите за донација на 33 теренски возила од Европската унија за потребите на Граничната полиција, во Министерството за внатрешни работи.

Tags: Али АхметиАфрим ГашивладаЃорѓе ИвановЕмил ДимитриевЗијадин СелаЗоран ЗаевЈоханес ХанмандатНикола Груевскисредби
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ