• Latest

Итни мерки за подобрување на условите во Специјалниот завод во Демир Капија

August 1, 2017

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Итни мерки за подобрување на условите во Специјалниот завод во Демир Капија

August 1, 2017 16:54
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за труд и социјална политика денеска организираше состанок на работната група со претставници на Обединетите нации и на Европската унија, за дефинирање на Акцискиот план за итни мерки за подобрување на состојбите во Специјалниот завод во Демир Капија. На средбата детално се разгледаа сите мерки од Акцискиот план кои се однесуваат на подобрување на состојбите во Заводот, подобрување на условите за престој на корисниците, преку почитување на основните човекови права, зголемување на нивната мобилност, пристап во работата со крајните корисници, како и идните чекори во оваа насока.

„Договорена е забрана за нови сместувања во институциите кои згрижуваат деца/лица со попреченост (која е веќе на сила). Во текот на наредните две недели, центрите за социјална работа треба да направат индивидуална проценка на сите деца кои се сместени во институциите и да подготват индивидуален план за секое дете. Ќе се поддржи отворање на мал групен дом за децата кои се сместени во Демир Капија, во насока на нивно деинституционализирање. Исто така, ќе се организираат работни средби на меѓународните агенции, ЕУ и МТСП на техничко ниво, со цел да се операционализираат сите активности и да се поделат улогите во процесот, а ќе се организира и донаторска конференција за Специјалниот завод – Демир Капија“, соопштуваат од МТСП.

Отаму додаваат дека ќe се поддржи регионална соработка со државите и со стручните лица од институциите од балканскиот регион и дека се отворени за волонтерски тимови од граѓанскиот сектор кои ќе помогнат во работењето и подигнувањето на стручните капацитети на Специјалниот завод – Демир Капија.

„Ќе се овозможат тренинзи за стручните лица кои работат во Специјалниот  завод, а кои се однесуваат на подготовка на планови за трансформација и за обезбедување на услуги во локалната заедница и итно подобрување на хигиенските услови и здравствената нега во установата“, потенцираат од МТСП.

На состанокот со кој раководеше министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, учествуваа координаторот на ОН во Македонија и постојан претставник на УНДП, Луиза Винтон, постојаниот претставник на УНИЦЕФ за Македонија, Бенџамин Перкс, претставникот на  Делегацијата на ЕУ, Нафи Сарачини, Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права и претставникот на проектот финансиран од Делегацијата на ЕУ во Скопје, Владимир Крстевски.

Tags: ЕУМила ЦаровскаМТСПОНработна средбаСпецијален завод - Демир КапијаУНДП. УНИЦЕФХКМ;
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ