• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанската опозиција протестира против Рама, низок степен на казни за корупција во Албанија, Курти побара поддршка од опозицијата

February 13, 2023

ДИК: Поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи за советници, најмногу за Град Скопје

September 14, 2025
Фото: Фејсбук Орце Ѓорѓиевски

Скопје гори – Орце си тера предизборна кампања

September 14, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Хаотично заебавање

September 14, 2025

Вината за пожарите Мицкоски ја гледа кај некои центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Жителка на Трубарево заврши во болница, директорот на ЦУК, полицаец и војник на домашно лекување

September 14, 2025

Наместо политички спинови, Филипче понуди конкретен кризен план по пожарот во Трубарево, мерките да ги прифатат институциите

September 14, 2025

Обвинителството го истражува пожарот во Трубарево

September 14, 2025

ВМРО-ДПМНЕ обвинува без докази и аргументи: СДС(М) и ДУИ палат депонии – Филипче:Ова е надвор од секој здрав разум, наместо решенија, се нудат политички оправдувања и спинови

September 14, 2025

ЗНМ со насоки за новинарите за безбедно известување од пожари

September 14, 2025

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанската опозиција протестира против Рама, низок степен на казни за корупција во Албанија, Курти побара поддршка од опозицијата

February 13, 2023 12:45
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

АЛБАНИЈА: Опозицијата во Албанија, на чело со лидерот на Демократската партија Сали Бериша ги започна најавените протести против владата на Рама. Протестите продолжуваат и денес и во наредните денови, до, како што вети Бериша, отстранувањето на Еди Рама. Според албански истражувачи  и новинари,  напорите на новите правосудни институции во борбата против корупцијата се „нагризени“,  поради слабото функционирање на превентивните механизми. Тирана е прогласена за Европска престолнина на спортот за 2023 година.

КОСОВО: Косовски политички аналитичари го ставаат под знак прашалник барањето на премиерот Албин Курти до опозицијата за поддршка во процесот на дијалогот со Србија. Финансирањето за рудникот „Трепча“  злоупотребен од минатите влади. Колумнистката Флака Сурои јавно ги посочи лидерите на опозициските партии за непреземање одговорност за нивниот удел во потпишувањето на предлогот за формирање Заедница на српски општини во Косово.

ТВ КЛАН: Опозицијата во Албанија започна со најавените протести

ШЕКУЛИ: Низок степен на казни за корупција, само 257 поранешни функционери се под истрага

АБЦ: Тирана, европска престолнина на спортот

БОТАПРЕС: „Кукавичлук“ или „нова финта“: Зошто Владата на Курти бара поддршка од опозицијата во дијалогот?

ДУКАЃИНИ: По војната во Трепча влегле над 100 милиони евра, од кои дел испариле

КОХА: „За земјотреси и бајки“

ТВ КЛАН: Опозицијата во Албанија започна со најавените протести

Албанската опозицијата вчера ги започна најавените протести. Вчера се  протестираше на булеварот „Дешморет е Комбит“ против власта „Рама“. Демократите пристигнаа во синиот штаб неколку часа пред почетокот на протестот, а потоа заедно со претседателот на ДП Сали Бериша маршираа кон кабинетот на премиерот. Од говорницата на протестот, главниот демократ упати силни обвинувања кон премиерот Еди Рама, барајќи негово итно заминување.

Шефот на демократите рече дека преку корупцијата на поранешниот функционер на ФБИ, Мекгонигал, Рама го зел во заложништво поранешниот претседател на ДП Лулзим Баша за да ја уништи опозицијата. пренесе албанскиот медиум ТВ Клан. Протестите денеска ќе се одржат пред албанското Собрание во Тирана.

ШЕКУЛИ: Низок степен на казни за корупција, само 257 поранешни функционери се под истрага

Корупцијата во Албанија и понатаму е вознемирувачка појава со последици во функционирањето на државните институции. Албанија и понатаму останува една од земјите со високо ниво на корупција и ниска неказнивост на високи функционери, пренесува албанскиот дневник Шекули.

АБЦ: Тирана, европска престолнина на спортот

„Предлогот на општина Тирана, подготвен во соработка со претставници на спортот, спортските федерации и Албанскиот олимписки комитет, е насловен „СПРИНТирана – спортот како промотор на издржливоста, инклузивноста, природата и трансформацијата“ и Трансформација). Насловот „Европски град на спортот 2023“ се доделува на различни европски градови од институцијата ACES EUROPE, поврзана со Европската комисија во Брисел.“, пренесе албанскиот медиум АБЦ.

БОТАПРЕС: „Кукавичлук“ или „нова финта“: Зошто Владата на Курти бара помош од опозицијата во дијалогот?

„Премиерот Албин Курти на собраниската седница во четвртокот побара поддршка од опозицијата во процесот на дијалогот со Србија. Иако ги има потребните гласови во Собранието, тој сепак побара помош од опозицијата, која е минорна во косовското Собрание. Познавачите на политичките состојби во земјава, барањето на Куртин го сметаат за чудно и неискрено.“, пренесе косовскиот медиум БОТАПРЕС.

ДУКАЃИНИ: По војната во Трепча влегле над 100 милиони евра, од кои дел испариле

„Косовската министерка Артане  Ризваноли изјави дека не се точни тврдењата дека во Трепча не се работи  и дека има лошо менаџирање, бидејќи додаде дека е навреда за работниците на Трепча да се каже дека приватизацијата е решение.

Таа ги обвини претходните влади дека инвестирале над 100 милиони евра во Трепча и дека дел од нив бил злоупотребен.“, пренесува косовскиот дневник Дукаѓини.

КОХА: „За земјотреси и бајки“

„Ниту еден од лидерите на опозициските партии не помисли да изговори „mea culpa“ во име на партиите за фактот што „Заедницата“ е производ на потписите на лидерите на ПДК, поточно на ЛДК и гласот на мнозинството пратеници на овие партии, пред една деценија. Никој од нив не покажа ни најмала  намера да се вклучи во оваа фаза на екстремно голем притисок од Западот, заедно да одлучат за најдобрата опција што ќе донесе решение за проблемот во кој го ставија Косово.“, извадок од колумната „За земјотреси и бајки“ од реномираната косовска колумнистка Флака Сурои, објавена во косовскиот дневник КОХА.

Д. Тахири


Сите права се задржани.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Албанијаалбански медиумиЗаедницаизборКосовоопозицијаПротестирегионТрепча
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Хаотично заебавање

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ