• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Апликацијата на Косово за членство во ЕУ ќе го вжешти прашањето за Северот, затворени српските училишта во Митровица, иницијатива за комеморативен симбол на геноцидот во Косово, Полска –гаранција за успех на Берлинскиот процес

December 12, 2022
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Апликацијата на Косово за членство во ЕУ ќе го вжешти прашањето за Северот, затворени српските училишта во Митровица, иницијатива за комеморативен симбол на геноцидот во Косово, Полска –гаранција за успех на Берлинскиот процес

December 12, 2022 12:14
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

КОХА – Билд: Прашањето ќе се вжешти кога Косово ќе ја поднесе својата апликација до ЕУ

„Поранешниот премиер на Шведска, Карл Билд изјави дека прашањето за северот ќе се вжешти откако Косово ќе поднесе барање за добивање статус на земја кандидат за Европската унија.

Тој во неделата вечерта на Твитер напиша дека пред да се поднесе апликацијата, има договори кои мора да се почитуваат и дека „мора да се преземат тешки чекори“, пренесува КОХА.

СЛОБОДНА ЕВРОПА – Српските училишта во северно Косово се затворија

Основните и средните училишта во општините на северот на Косово нема да работат до дополнително известување, поради актуелната безбедносна состојба, потврди за Радио Слободна Европа директорот на основното училиште „Свети Сава“ во Северна Митровица, Миодраг Јовановиќ.

ГАЗЕТА ШЌИП -Велика Британија ја започна депортацијата на Албанците

Велика Британија денеска во Тирана депортира 11 Албанци, меѓу кои се осудени на повеќегодишна затворска казна и илегални имигранти, пренесе Газета Шќип.

ЦГК –  Цвет со четири ливчиња да стане уникатен комеморативен симбол на геноцидот во Косово

„Косовскиот Центар „Геноцидот во Косово – отворена рана“ се обрати до институциите на Косово со барање црвениот цвет со четири ливчиња да стане уникатен комеморативен симбол на геноцидот во Косово. Барањето е доставено до претседателот, премиерот и до претседателот на Собранието на Косово, до пратениците на Собранието на Косово како и до сите политички партии.“ пишува меѓу другото во соопштението на страницата на Центарот „Геноцид  Косово – отворена рана“.

ПАНОРАМА -Политичката моќ на Полска, гаранција за успехот на Берлинскиот процес

„Полска е единствената политичка сила на земјите од „Вишеград“ која нема нерешени политички проблеми со ниту една од земјите од регионот. Таа е политичката сила која потпиша посебни договори со Албанија, Црна Гора и Србија за помош во интеграцискиот процес, и останува политичката сила која игра водечка улога во иницијативата наречена „Три мориња“ која ги вклучува земјите од Балтичко, Црно и Јадранско Море.“, пишува Ардит Ѓинали во колумната „Политичката моќ на Полска, гаранција за успехот на Берлинскиот процес“.

Д. Тахири

Tags: Carl BildtАлбанијаБерлински процесВелика БританијагеноциддепортацијаКосовоМитровицаПолскасимболучилишта
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ