• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Пратеници бараат да и се одземе мандатот на Џачка, Швајцарските војници да останат во Косово, три семејства помирени од свештеници од различни религии

January 18, 2023
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Пратеници бараат да и се одземе мандатот на Џачка, Швајцарските војници да останат во Косово, три семејства помирени од свештеници од различни религии

January 18, 2023 10:43
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Барањето од група пратеници во албанскиот парламент до Уставниот суд да и се одземе мандатот на пратеничката Олта Џачка денеска е во фокусот на медиумите во Албанија. Косовските медиуми го цитираат Курти од интервју за швајцарски „Блиц“ во однос на повлекувањето на швајцарските војници од земјата, а во Ѓаковица, Хоџа, свештеник, фратар и шеих  помируваат три семејства. Ова е дел од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

ПАНОРАМА:  Уставниот суд го разгледува барањето за одземање на мандатот  на Олта Џачка

„Група пратеници Газмент Барди, Дашнор Сула, Јорида Табаку, Саимир Кореши, Орјола Пампури, Арби Агалиу, Мерита Бакиу, Лефтер Гештења, Салаудин Јакуплари, Жени Ѓерѓи, Фердинанд Џаферај, Илда Дори, Емиља Колиќи и Фламур Хоџа побараа Судот да го реши конфликтот на овластувањата меѓу опозицијата и мнозинството, барајќи од Собранието да побара од Уставниот суд да и го одземе мандатот на пратеничката Олта Џачка.“, пренесе албанскиот дневник Панорама.

АРБРЕШ – Курти: Швајцарија да не ги отстранува војниците, опасноста од Србија е голема

„Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека Швајцарија не треба да ги отстранува своите војници од Косово.

Курти во интервју за швајцарскиот весник „Блиц“ реагираше на барањето на најголемата партија во оваа земја СВП, која порача дека швајцарските војници треба да се повлечат од Косово, поради опасноста што е присутна.“, пренесе косовскиот портал Арбреш.

ТЕЛЕГРАФИ: Хоџа, свештеник, фратар и шеих  помируваат три семејства во Ѓаковица

„Во црквата Свети Михаил во ѓаковското село Доблибаре (Косово) денеска се одржа помирувањето меѓу трите семејства Ѓевалин Алија, Мухарем Муса и Ќендрим Садику во присуство на фратар, свештеник, шеих и хоџа.“, пренесе косовскиот дневник Телеграфи.

РТК: Денеска стартува пилот проектот за поврзување на граѓанинот со единствена адреса

„Свеченото отпочнување на Пилот проектот за поврзување на граѓаните со единствена адреса ќе се одржи денеска во Министерството за внатрешни работи на Република Косово“, пренесе косовскиот дневник РТК.

АЛМАКОС: Влегува ли АА или не, оваа дебата треба да заврши што поскоро?!

„Алијанса за Албанците пред неколку месеци беше обвинета дека е про „Левица“, ВМРО-вска, груевистичка, а денес  од ДУИ се гали како камелеон!!!

Партијата на Али Ахмети, се разбира, 20 години создава моќ, пари и систематски ПР кој спинува, пали и гаси теми и мислења, кога ќе и затреба!“, извадок од колумната „Влегува ли АА или не, оваа дебата треба да заврши што поскоро?!“, од Насер Пајазити објавена во АЛМАКОС.

Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Tags: АААлбанијавладаДУИКуртиМедиумипомирувањеЏачкашвајцарски војници
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ