• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: „Златните пасоши“ во Албанија се суспендирани; првите поглавја за преговори ќе се отворат во текот на годината; Косово со конструктивен пристап на средбата во Охрид

March 17, 2023

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: „Златните пасоши“ во Албанија се суспендирани; првите поглавја за преговори ќе се отворат во текот на годината; Косово со конструктивен пристап на средбата во Охрид

March 17, 2023 11:30
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Албанија е суспендирано одобрувањето на „златните пасоши“ (со кои им се овозможи на богатите странци да добијат државјанство или престој во замена за инвестирање одредена сума пари во една земја), Жозеп Борел изјави дека првите поглавја за преговорите за членство во ЕУ на Албанија ќе бидат отворени во текот на годината.

Во пресрет на утрешната средба помеѓу Борел, Курти и Вучиќ, косовската претседателка Вјоса Османи посочи дека Косово ќе има конструктивен пристап кон средбата во Охрид.

Во продолжение се темите од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Топ Чанел: Албанските  златни пасоши се суспендирани

„Ја гледаме и ја поздравуваме јасната стратешка насока на Албанија. Сакам да прифатам и ценам дека оваа земја покажа зрелост во сите реформи, особено во правдата која отиде напред. Албанските институции мора да ги забрзаат реформите. Имавме можност да ја поздравиме одлуката на премиерот дека нема да се одобруваат златни пасоши“, рече Борел по дванаесеттиот состанок меѓу ЕУ и Албанија за Советот за стабилизација и асоцијација.

За златните пасоши се изјасни и премиерот Рама.

„Ги суспендиравме до кога ќе се разјасни ставот од Европската комисија. Има случај во Европскиот суд. Дали ќе одлучи против златните пасоши е затворена работа. Ако јас одлучам во корист, секоја земја си избира“, рече Рама, пренесе албанскиот медиум Топ Чанел.

Јава Њуз -Борел по посетата на Тирана: Во текот на годината ќе се отворат првите поглавја од преговорите

„За време на престојот во Тирана, високиот претставник на Европската комисија, Жозеп Борел имаше можност да даде интервју за ТВ Клан.

Борел гарантира дека скрининг-процесот ќе заврши во рок од неколку недели и вели дека во текот на оваа година Албанија ќе ги преговара првите поглавја со ЕУ, поглавјата поврзани со правдата и безбедноста.“, пренесе албанскиот медиум Јава Њуз.

Клан: Албанската владата официјално го прогласи  „Националниот парк Вјоса“

„Во тврдината Али Паша Тепелена, премиерот Рама го даде конечниот потпис за прогласување на површина од 12.727 хектари околу реката Вјоса – Национален парк ,за заштитено подрачје каде нема да се дозволи градба, како што беше случајот со одобрението од 2017 г. на проекти за хидроцентралите на Почем и Каливац на тој простор. Рама упати порака до Европејците кои го критикуваа во овие години за Вјоса.“ пренесе албанскиот медиум Клан.

КОСОВО

Калѕо -Османи по средбата со Ескобар: Косово со конструктивен пристап кон средбата во Охрид

Претседателката на Република Косово, Вјоса Османи, во петокот наутро во Приштина беше домаќинка на пратеникот на Соединетите Американски Држави за дијалогот Косово-Србија, Габриел Ескобар.

Таа рече дека Косово ќе има конструктивен пристап на утрешната средба во Охрид, Северна Македонија.

„Косово ќе продолжи да се ангажира со целосна посветеност и со конструктивен пристап, како што тоа го правеше во текот на овој процес, а особено сега, разбирајќи го важниот моментум што го претставува средбата во Охрид“, рече таа на прес-конференција, пренесе косовскиот медиум Калѕо.

Бота Сот – Експерт за Југоисточна Европа: Србија ја користи кризата за да добие време, Курти и нуди „сребрен послужавник“

„Повлекувањето на Србите од институциите на северот на Косово создаде многу сериозна назадна ситуација, вели експертот за Југоисточна Европа, Милан Ниќ во интервју за ДВ.

Работите се движеа во добра насока, за вистинска интеграција на Косово во регионот, без да биде бојкотиран од Србија.

Сега мислам дека Вучиќ ќе го искористи секое прашање што му овозможува да купи време, за да избегне генерален договор со Косово. Значи, повлекувањето на Србите од косовските институции на север нема врска со овие денови. Вучиќ сега одлучи секое мало прашање да го претвори во големо. Значи ова не е криза која ќе се надмине за еден ден. Мислам дека продолжувањето ќе бара време и дипломатски капацитети, кои се резервирани за да се постигне голем компромис.“, извадок од интервјуто на експертот за Југоисточна Европа за ДВ, пренесува косовскиот дневник Бота Сот.

КОЛУМНА

Екстратериторијалноста на српските цркви во Косово е реколонизација на Косово

„Србија е руски остров во Европа и колку повеќе расте и зајакнува, толку Русија е поуспешна во реализацијата на својот проект за рускиот свет. КАС на Косово заедно со српските цркви се два пионерски фактори кои Русија ги користела во сите етапи од историјата. Крокодилските солзи за српските права на Косово ќе бидат монотониот рефрен во нашата историја за тоа колку права им се дадени.“, извадок од колумната „Екстратериторијалноста на српските цркви во Косово е реколонизација на Косово“ од авторот Милазим Марај, објавена во косовскиот дневни Бота Сот.

Д. Тахири

Tags: 18 мартАлбанијаалбански медиумиБорелВјосаВјоса Османизлатни пасошиизборКосовонационален паркОхридрегион
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ