• Latest

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Барања за гаранции во Брисел, Преговарачката рамка не е Библија, Куран или Талмуд, Поништување на Преспански договор значи надвор од НАТО

April 12, 2024

24 ЧАСА: Јахта-пропаганда и предизборен спин; Мицкоски контра Меџити за УЧК; Пет новинари убиени во Газа

August 11, 2025
Илустрација: ВИ

„Независни заедно“ и ЗХГ бараат потписи за политичка платформа поради правен вакуум и покрај укинувањето на Правилникот за собирање потписи на независните кандидати

August 11, 2025
Фото: Скриншотови од Фејсбук и Инстаграм

Дегутантни коментари и жесток говор на омраза за трагедијата на бугарскиот нуркач во Охридското езеро

August 11, 2025
Мицкоски, прес, 17 ноември 2024, по состанокот со Македонската банкарската асоцијација (скриншот од снимка на Владата)

Кукавичко одземање животи и убивање припадници на МВР и одбрана не може да биде чесна и праведна војна, вели Мицкоски во реакција на изјавата на Меџити дека војната на УЧК била праведна

August 11, 2025

По вчерашното убиство, директорот на БЈБ во посета на СВР Тетово: Нема да дозволиме насилството на поединци да ги нарушат сигурноста и мирот во заедницата

August 11, 2025

Јаневска: Едносменската настава не е лесен процес, во 25 училишта ќе има потреба од доградба на училници

August 11, 2025

ЦИВИЛ објави проширување на мандатот на својата клучна мониторинг-единица за откривање, следење и справување со хибридните закани

August 11, 2025

Мицкоски за цените на храната: Правиме детални анализи, не сакаме популистички мерки, туку трајно решение

August 11, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанската влада го исклучи сигналот на News24, новинарите протестираат; Радомир Лабан – од осуденик во Србија до судија во Косово и безбедносен ризик

August 11, 2025
Фото: Роман Шеремета/ Фејсбук

Специјалниот претставник на Трамп „погрешно го разбра“ Путин: Опасна некомпетентност од некомпетентна администрација

August 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Барања за гаранции во Брисел, Преговарачката рамка не е Библија, Куран или Талмуд, Поништување на Преспански договор значи надвор од НАТО

April 12, 2024 15:15
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателските кандидати ја продолжија кампања за изборите што ќе се одржат на 24 април. Во нивните изјави се споменуват уставните промени, барањето гаранција од Брисел дека Бугарија нема да има нови условувања, како и предупредувањето за новиот устав.

Пендаровски: Ако се поништи Преспанскиот договор ние излегуваме од НАТО

„Ако се поништи Преспанскиот договор ние излегуваме од НАТО. Просто кажано ќе не исклучат од Организацијата. Ако таа госпоѓа (Силјановска Давкова) мисли дека самостојно можеме да ја обезбедиме нашата безбедност, на сите граѓани, на границите, на државата подобро тоа треба да го каже.

Стево Пендаровски

Тоа е опасен авантуризам“, рече кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски во Гевгелија, во одговор на прашање на граѓанка за негов коментар за поништување на Преспанскиот договор.

Османи: Да поставиме ѕид против изолацијата и блокадата

„Верувам дека оваа земја заслужува повеќе. Сакам сите заедници да успеат во и низ оваа држава. Затоа го формиравме овој Европски фронт. Да поставиме ѕид против национализмот, ѕид против изолација и блокада и да овозможиме европска интеграција. На овие избори не зборував за себе затоа што во рок од 7 години имавте можност да ме оцените“, рече во Штип кандидатот за претседател на коалицијата „Европски фронт“, Бујар Османи.

Бујар Османи

Османи вети дека доколку ја добие поддршката, Северна Македонија ќе биде членка на ЕУ до 2030 година.

Силјановска Давкова: Преговарачката рамка не е Библија, Куран или Талмуд

„Јас знам дека се тие практични и прагматични и дека сакаат да си решат некој проблем, ама решавањето понекогаш може да биде под наводници и да отвори нов проблем.

Гордана Силјановска Давкова

Значи дури и со интерпретација на оваа преговарачка рамка поинаква, оти не зборуваме за Библија или за Куран, не зборуваме за Талмуд, за Тора. рече во интервју за МИА, Гордана Силјановска Давкова, кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Таравари: Најпрво треба да отидеме во Брисел, за да добиеме некакви гаранции

Првата работа што треба да ја направиме е да отидеме во Брисел, да побараме некаква гаранција дека ова е последно политичко условување за Македонија. Јас продолжувам да мислам дека главната причина не се уставните промени за Македонија, рече во синоќешното интервју на Канал 5 телевизија Арбен Таравари,  кандидатот за претседател од коалицијата „ВЛЕН“.

Арбен Таравари

Јакимовски: Јас сум против менување на Уставот

„Јас сум противник на било какво менување на Уставот зашто токму знам дека кога ќе го отвориме Уставот тогаш ќе видете после кој ќе влезе внатре и какви тектонски промени ќе доживееме на политички, правен поред во Република Македонија.

Стевчо Јакимовски

А сето тоа ќе биде на штета на граѓаните на Република Македонија. “, рече во неговото обраќање на социјални мрежи кандидатот за претседател од редовите на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Османи: Да поставиме ѕид против изолацијата и блокадата

„Верувам дека оваа земја заслужува повеќе. Сакам сите заедници да успеат во и низ оваа држава. Затоа го формиравме овој Европски фронт. Да поставиме ѕид против национализмот, ѕид против изолација и блокада и да овозможиме европска интеграција. На овие избори не зборував за себе затоа што во рок од 7 години имавте можност да ме оцените“, рече во Штип кандидатот за претседател на коалицијата „Европски фронт“, Бујар Османи.

Ванковска: Нов модерен устав за модерна македонска нација

Билјана Ванковска

„Нов модерен устав за модерна македонска нација која ги преминала болките кои ги имала во минатото, мислам на конфликтот 2001, меѓутоа и на олигархискиот грабеж кој и се случи на Македонија и фактички оваа колонијална положба во која се наоѓаме“, рече кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска на вчерашниот собир пред кумановци.

Подготви: Д. Тахири во соработка со ЦМТ

 

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Фејсбук ФК Шкендија

    „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Вицепремиерот Стоилковиќ одговори, но не на прашањата од ЦИВИЛ

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ