Говорејќи пред граѓаните во Гевгелија, претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата истакна дека актуелната владеачка гарнитура со сите мани и грешки е десет пати подобра од тоа што го нудела опозицијата или го нудат сега.
„Ако се поништи Преспанскиот договор ние излегуваме од НАТО. Просто кажано ќе не исклучат од Организацијата. Ако таа госпоѓа (Силјановска Давкова) мисли дека самостојно можеме да ја обезбедиме нашата безбедност, на сите граѓани, на границите, на државата подобро тоа треба да го каже.
Тоа е опасен авантуризам“, рече кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски во Гевгелија, во одговор на прашање на граѓанка за негов коментар за поништување на Преспанскиот договор.
Н. А.