• Latest

Извештај на ЕК: Неефикасни мерки во борба против дезинформации, пораст на закани од дезинформации на онлајн медиумите

November 11, 2023

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Извештај на ЕК: Неефикасни мерки во борба против дезинформации, пораст на закани од дезинформации на онлајн медиумите

November 11, 2023 16:30
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МЕДИУМИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Извештајот на Европската комисија за напредок на Северна Македонија во 2023 година, меѓу останатите забелешки за напредокот на нашата земја во пристапниот процес за нејзиното членство во Европската Унија, акцент се става и на заканите од  дезинформаци, хибридните напади и  странско влијание.

ЕК и во овој Извештај изнесува неколку критики во однос на напредокот на државата по овие прашања, но и препораки како состојбите да се подобрат. Ссе нотира и ограничен напредок кај слободата на изразување и дека постои медиумска слобода, како и задоволително ниво на критичко известување.

Главната забелешка на ЕК е дека сегашните мерки за борба против дезинформации не се многу ефикасни. и треба да се подобри разбирањето на јавноста за ризиците од дезинформации, како и вештините за медиумска писменост во општеството.

Во Извештајот на ЕК се констатира „пораст на закани од дезинформации“ во делот на онлајн медиумите, и забележува отсуство на конкретен закон за регулација на онлајн медиумите и дека има промена на пазарот за дигитално за рекламирање, со растечки закани од дезинформации, прекршување на интелектуалните права и недостаток на транспарентност во однос на платеното политичко рекламирање. Одредени онлајн медиуми се предмет на влијание од политички фигури. Политичките партии не се обврзани да ги обелоденуваат своите трошоци за кампањи на социјалните мрежи. Постои несоодветен надзор во однос на користењето на личните податоци за цели на изборната кампања.

Понатаму, се препорачува дека „Треба да се подобри разбирањето на јавноста за ризиците од дезинформации, како и вештините за медиумска писменост во целото општество.“ Истовремено,во Извештајот се констатира дека „Сегашните мерки против дезинформациите не се многу ефикасни.“

Во поглавјето 10, „дигитална трансформација и медиуми“, во Извештајот на ЕК за земјава се констатира дека „Националната стратегија и акциониот план за градење отпорност и справување со хибридни закани (2021-2025) вклучуваат мерки за справување со дезинформации и хибридни закани, но сепак Комисијата смета дека напорите за борба против дезинформациите се ограничени.

Во оценката за поглавјето 10, за надворешна, безбедносна и одбранбена политика меѓу другите препораки за сите области, од Европската комисија препорачуваат дека во наредната година земјата треба да се вложат дополнителни напори за затворање на просторот за странско мешање и манипулација со информации, вклучително и дезинформации, и да преземе активности за градење општествена отпорност против тие и други форми на хибридни закани

Исто така, во Извештајот се наведува дека Армијата развива капацитети за сајбер-одбрана и соработува со меѓународни организации во полето на глобалната безбедности и хибридните закани.

Воедно, се наведува и дека земјата била мета на постојана кампања со хибридни закани (лажните бомби во училиштата и критичната инфраструктура), по што бил воспоставен оперативен тим за сајбер-безбедност и хибридни закани, менаџиран од Бирото за јавна безбедност во МВР.

Во извештајот се наведува и дека ЕУ обезбедува поддршка преку ИПА и Инструментот за надворешна политика за зајакнување на отпорноста на партнерите од Западен Балкан за зајакнување на отпорноста кон хибридни закани, вклучително и сајбер нападите и странското мешање и манипулирање со информации.

И во извештаите за останатите земји кандидати за членство во ЕУ посебно внимание се посветува на борбата со дезинформации, странско мешање и хибридни акани закани.

Комисијата смета дека хибридните закани, вклучувајќи дезинформации, манипулации и мешање со странски информации (ФИМИ) и сајбер напади, особено против критичната инфраструктура, остануваат политички и безбедносен предизвик за земјите од проширувањето. По големиот пораст минатата година по руската агресивна војна против Украина, овие закани продолжуваат да претставуваат значителен ризик и за ЕУ и за земјите кандидати за членки. Како што се развиваше руската целосна инвазија во Украина, така се развиваше и ширењето на различните наративи на Кремљ во земјите на проширувањето, со различни резултати. Овие се особено ефективни во Србија, каде што дел од локалните медиуми и некои мејнстрим политички сили шират проруски наративи, вклучително и низ регионот на Западен Балкан.

Во извештајот се препорачува дека треба да направат веродостојни напори да го затворат просторот за странско влијание и манипулации со информации, вклучително и дезинформации, и да преземат акции за градење на општествена отпорност против дезинформации и други форми на хибридни закани.

Таква препорака има и во извештајот на ЕК за Албанија,  Србија, Црна Гора, како и за Босна и Херцеговина, каде што се констатира ширење на руски и српски дезинформации од јавниот сервис, како и забележително емитување на руски канали.

Во Извештајот се забележува дека и покрај значителните напори, отпорноста кон овие закани останува слаба страна поради ниската медиумска писменост, ниската доверба во институциите, ограниченото независно и професионално новинарство и ниското ниво на слобода на медиумите.

Во однос на другите земји кандидати, во извештајот за Украина, се истакнуваат напорите за борба против кампањите со дезинформации, и против хибридната војна која вклучува дезинформации, во контекст на инвазијата на Русија, како и заедничката соработка помеѓу ЕУ и Украина во подрачјето на справување со дезинформации и хибридни закани.

И во извештајот за Молдавија, се истакнуваат владините напори за справување со дезинформации во медиумите (особено онлајн), а во извештајот за Грузија се истакнува дека 600 наставници биле тренирани за справување со дезинформации и за промовирање дигитална писменост. Во извештајот за Грузија се нотирани и родово-засновани дезинформации и сајбердискриминација против политичарки, додека во однос на напредокот на Турција се изразува загриженост поради постоењето законски одредби што определуваат затвор за кривично дело дезинформирање, и се нотира дека еден опозициски лидер бил обвинет за дезинформирање, заради неговата критика на владиниот одговор на земјотресите

 

Цивил, како организација, и преку својата медиумска платформа Цивил Медиа и сопствениот мониторинг тим, преку панел дискусии, дебати, интервјуа, стручни анализи, но и преку проверки на факти постојано води борба со дезинформациите, странските влијанија и пропаганда, и во изминатиот период успеа да препознае и разобличи голем број на лажни објави, пропагандни наративи, манипулативни содржини, дезинформации кои се пласираа на македонските медиуми и на социјалните мрежи.

Д. Мишев

Tags: борба со дезинформацииИзвештај на ЕКонлајн медиумисајбер безбедностслобода на изразувањестранско влијаниехибридни закани
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ