• Latest

Јазбек: Македонија е водечка сила во промените на Балканот

July 6, 2018

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Јазбек: Македонија е водечка сила во промените на Балканот

July 6, 2018 16:20
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Првин, да го земеме предвид насловот на конференцијата: Како до Европа?. Има два одговори, Прво, ова е дел од Европа без сомнение. Второ, фактот дека ние сме веќе во Европа, треба да се формализира, односно истера оној институционален процес низ преговорите, на реформите и на крајот да се биде дел од членките на ЕУ и НАТО… Се разбира добро е да се учи од сите нас, особено од Хрватска, Словенија и други земји што структурно се слични и блиски со Македонија“, изјави Н.Е. Амбасадорот на Република Словенија, Милан Јазбек.

На конференцијата Македонски перспективи: Како до Европа? во организација на ЦИВИЛ и МЦМС, Јазбек  истакна дека е многу важно за целиот балкански регион започнување на процесот за евроинтеграциите и влез во НАТО на Македонија и дека е добро да се учи од сите земји, особено во регионот што поминале низ истиот процес.

„Македонија конечно е дел од процесот за влез во ЕУ што навистина е многу важно… Земја што беше дел од проблемот, сега е дел од решението и една водечка сила за промените на Балканот и на тој начин се испраќа сигнал кон останатиот Балкан за да го следи истиот пример…

Според нашето искуство, не смее да се чека, туку веднаш да се прави она што е потребно за да биде полесен целиот процес. Исто така е важно високите претставници , претставниците на средното раководство на Владата и јавната администрација да им го објаснат процесот на луѓето. Затоа што обичниот граѓанин ќе има чувство дека и тој ќе може да влијае и да придонесе. Тоа е многу важно затоа што на крајот поважни се импресиите од бројките“, изјави Јазбек истакнувајќи ја важноста од граѓанското учество во самите процеси на одлучување.

„Кога станува збор за ЕУ, станува збор за една огромна структурална промена, докажана и која вреди да се направи, особено ако се чека, колку што вашата земја чекаше… Нормално дека секогаш ќе постојат одредени сомнежи, но доколку имаме конкретни одговори ќе се добие посакуваниот резултат.

Ние имавме референдум за членство во НАТО, некако граѓанското општество не поттикна на тоа, но и опозицијата која исто така сакаше да има референдум за влез во ЕУ, па се одлучи да биде и за ЕУ и за НАТО. Поддршката за НАТО беше многу висока, 68%, а за ЕУ се разбира беше околу 90 %“, рече Јазбек, пренесувајќи го искуството од Словенија, упатувајќи за преизвиците со кои тие се соочиле.

Конференцијата е дел од проектот „Слободни медиуми за слободно општество“ што ЦИВИЛ го спроведува со поддршка на Федералното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Биљана Јордановска

Камера: Атанас Петровски

Tags: ЕУискустваконференцијаМилан ЈазбекМЦМСНАТОСловенијаЦивил
Share44TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ