• Latest

Екипа на ТВ Вис со пцости и навреди избркана од јавна седница на Советот на Општина Ново Село

July 26, 2017

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Екипа на ТВ Вис со пцости и навреди избркана од јавна седница на Советот на Општина Ново Село

July 26, 2017 11:34
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Општина Ново Село, Блажо Велков, со пцости и навреди ја избркал новинарската екипа на ТВ Вис Струмица, која ја следела седницата на Советот на Општината на која вчера советниците требало да одлучуваат за референдумот за изградбата на рудникот Иловица.

„Бевме на седницата на Општина Ново Село, на која требаше да се донесе датумот за референдум за рудникот Иловица. Влеговме заедно со активистите од иницијативата ‘Здрава котлина’. До моментот кога збор зема градоначалникот на Ново Село, немаше никаков проблем. Градоначалникот, пред своето обраќање, ни се обрати со зборовите: ‘Исклучи ја камерата!’. Мојот колега, камерманот Кире Пиличев, рече дека нема да ја исклучи затоа што е јавна седница. Градоначалникот беше упорен, а советникот на ВМРО-ДПНЕ, почне да нè навредува и да пцуе. Тука веќе реагирав, му реков на колегата да ја исклучи камерата и ја напуштивме седницата. Претседателката на Советот, сметаше дека правиме лошо за референдумот. Дознавме дека е одреден датум за референдумот, но не знаеме точно кој датум. Не се јавивме да прашаме“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, новинарката на ТВ Вис од Струмица, Стојна Митева.

На паузата, по прекинот на седницата, новинарката Митева побарала образложение од советникот Божин Јованов од ВМРО-ДПМНЕ, со кое право и од кои причини ги навредувал, бидејќи тие само си ја вршеле работата. Како одговор, наместо извинување, новинарската екипа добила дополнителни навреди!

Советот за етика во медиумите, Здружението на новинари како и Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги веќе се известени за скандалот и се очекува нивна реакција.

ЦИВИЛ – Центар за слобода најостро го осудува скандалозното однесување на претставниците на локална власт во Општина Ново Село и повторно се залага за непречено функционирање на медиумските екипи при извршувањето на нивната професионална дејност.

Биљана Јордановска

Tags: Блажо ВелковКире Пиличевнавредиопштина Ново СелореферендумседницаСтојна МитеваТВ Вис
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ