Американскиот конгресмен, Елиот Енгел, изјави во Приштина дека САД секако мора да се занимаваат со дијалогот меѓу Србија и Косово.
„Знам дека Косово сè уште не е во ОН поради проблемите кои ги создадоа Србија и Русија, а Косово не доби членство во УНЕСКО, токму поради Србија. Ако Србија е дел од тоа семејство, тогаш тоа не треба да ги нарушува работите на другите држави, бидејќи не е фер Косово да биде блокирано“, истакна Енгел.
Тој нагласи дека Америка ќе продолжи да го поддржува Косово на сите полиња, но и во процесот на дијалог Белград-Приштина, имајќи предвид дека премиерот Рамуш Харадинај повеќе пати повтори дека би се чувствувал посигурно кога во разговорите во Брисел би биле вклучени и САД.
„Разговорите во Брисел се многу важни, но важно е да се има и еден временски рок во кој Косово ќе може да се приклучи кон ЕУ и НАТО. Кога ќе се вратам ќе продолжам да работам на тоа Америка да биде присутна на Балканот и на Косово“, нагласи Енгел.
[divide]
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.