Европската комесарка за дигитална економија и општество Марија Габриел оцени дека е потребна стратегија на европско ниво за справување со „лажните вести“ на социјалните мрежи.
– Борбата против лажните вести наместо национално, треба да стане европско прашање, изјави еврокомесарката во интервју за белгискиот дневен весник „Еко“.
Габриел најави дека ЕУ ќе подготви стратегија за справување со лажните вести до пролет, кога треба да биде готов извештајот на експертска група задолжена да ги предложи начините за сузбивање на овие дезинформации.
Според неа, меѓу предлозите е и поддршката за доброволното обележување на вестите или воведување на функција „проверувач на фактите“.
Комесарката Габриел најави средба со претставници на 30 интернет платформи во Брисел во текот на овој месец и вети дека при предложените мерки ќе се даде предност на „доброволните мерки“, но дека ќе се бара од интернет порталите да соработуваат со полициските и судските органи.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.