• Latest

Каде е животот?

May 29, 2018

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Каде е животот?

May 29, 2018 15:24
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Секогаш кога со колегата се подготвуваме да направиме анкета, очекуваме да го слушнеме и најтажното од нашите сограѓани, и како по обичај, се правиме дека сме подготвени за сè што можеме да слушнеме, ама речиси никогаш на крајот не завршува така.

Пишува: Ангела Петровска

Секогаш тргнуваме со помислата да најдеме некоја приказна вредна за слушање, со надеж дека ќе направиме некоја промена, и секогаш, ама буквално секој пат, без исклучок, сфаќаме дека не зависи нешто многу од нас, а среќни сме за секое влијание.

Така и денеска. Излегуваме и најпрвин не пречекува една жена која продава билки, ја слушам како му објаснува нешто на еден дечко: „Лоши времиња дојдоа, многу лоши“. И му враќа кусур.

Веднаш до неа, на помалку и од еден метар, е друга жена која секојдневно питачи и ни се обраќа со зборовите: „Помогнете, Господ здравје ќе ви даде.“

Анкетите кои обично ги правиме се на некоја политичка тема. Не дека така мора, или единствено тоа нè интересира, туку, едноставно, затоа што македонското општество е задушено од политика. Буквално е навлезена во секоја пора од општеството. Каде и да се свртиш, десно или лево, немаш многу корист.

Ова ме потсети на разговор со една моја пријателка, која еднаш ми кажа: „Македонија е многу сиромашно општество, и тука сите луѓе се политички аналитичари, сите се разбираат во неа. Ама тоа е… Сиромаштија! Да имавме пари, немаше да се замараме со политика.“

Единствен начин да преживееш во оваа држава, да бидеш дел од оние 1.000 луѓе кои добро живеат, е задолжително да се занимаваш со политика. Да не почнуваме да зборуваме за партиските книшки и за сите оние работи кои треба да ги правиш за некого, само да стигнеш до парче леб.

Еден човек со кого разговараме денеска на анкета, не сакаше да го снимаме со камера, можеби се плашеше некој да не го види, па да го обележи како лев или десен, па потоа да си има проблеми, онака како што тоа знае да се случува кај нас. Имаше неколку добри поенти кои ни ги кажа.

„Јас морам да работам дупло, за да имам пари и за нив“ и „Повеќе немаат што да крадат од граѓаните тука во Македонија, па навлегуваат сега и во сите фирми“, ни вели додека дели летоци за една приватна фирма.

Се прашувам, кога ќе дојде живот во Македонија? Не оној кој го ветуваа политичките партии на последните избори, во тоа не ни верував, никогаш не им верувам… Кога ќе кажеме дека сме добра држава, кога ќе имаме останато дел од платата на крајот на месецот и ќе си овозможиме некои задоволства, а да не треба да собираме пари со месеци? До кога ќе кратиме од нашите усти, затоа што нема да стигне за сметки и за бензин?!

Можам и до утре да седам и да набројувам примери од приказни кои ги гледам, слушам и живеам во ова општество, ама сакам да завршам со дел од текстот на македонскиот бенд „Бернајс Пропаганда“ кој најубаво ја опишува ситуацијата во која се наоѓаме:

„Дали патриотите по секоја цена, вљубени се и кога земјата е болна? Се плашам да скапувам во ладната земја, и црвите долу заземаат страна. Копајте славни скелети, за неславна иднина која трае не скапува!“

Tags: МакедонијаОПШТЕСТВОсиромаштијаСТАВ
Share33TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ