• Latest
Армија (фото извор: МО)

Како етничката дискриминација стана невидлива: Случај Министерство за одбрана

February 8, 2025

Ненаучени лекции: Многу пари, малку демократија – политичка конкуренција и финансирање на кампањите пред локалните избори 2025 (14)

January 27, 2026
Скриншот: Во живо ЕУ-Индија Самит/Платформа Х

Историски трговски договор меѓу ЕУ и Индија по 20 години преговори

January 27, 2026
Илустрација ВИ

Сеќавањето како обврска: 27 јануари – Меѓународен ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот

January 27, 2026

Заканата е јасна. Линиите се повлечени. Часовникот отчукува.

January 26, 2026
Скриншот од видео на ВВС

И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

January 26, 2026

Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

January 26, 2026
Илустрација ВИ

Ненаучени лекции: Поларизација на јавниот простор, култура и правниот систем – предвремена и индиректна кампања (13)

January 26, 2026
Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

January 26, 2026

Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

January 26, 2026

Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

January 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Скриншот од видео на ВВС

    И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

    Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

    Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

    Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

    Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

    Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

    80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    Илустрација ВИ

    Трилатерални преговори во Абу Даби: Може ли Украина да постигне пробив во разговорите со Русија

    Фото: Канцеларија на претседателот на Украина

    Зеленски ја оцени средбата со Трамп како позитивна, критикувајќи ја неактивноста на ЕУ

    Фото: Амбасадорка Лариса Дир/Х

    Амбасадорката Дир: Денес, во соочување со вооружената агресија на рф, соборноста е темелот на украинската издржливост, отпор и идна победа

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    „Одборот за мир“: Како Трамп го претвора глобалниот поредок во клуб со членарина

    Илустрација ВИ

    Светскиот економски форум во Давос 2026: „Духот на дијалог“ во ера на геополитички тензии и технолошки трансформации

    Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

    Ignorantia ante portas

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата да се укине заштитниот механизам – техничка влада – во пресрет на избори?

    Кога Мицкоски е зад воланот: Зошто појасот не се вади иако возачот вели дека е внимателен

    фото Влада на Северна Македонија

    На ВМРО – ДПМНЕ не му се допаѓа пржинскиот модел на избори со техничка влада

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

    Lu-ping/ Лидерски средби – функционално и морално деградирање на избраните на изборите

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Ден на Соборноста на Украина: историја, значење и современа важност

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    ИДЕОЛОШКА БЕЗДНА: Како Студената војна го преобликува сонот за интелигенцијата

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    „Одборот на мирот“: шок‑терапија за заспаната ООН или вовед во правото на посилниот?

    Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    Геополитика на „Облакот“: Зошто хард дискот е новата нафта?

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Види што ме натера да направам: Билансот на мртви во протестите во Иран и авторитарната логика на обвинување на жртвата

    По повторените локални избори – сите среќни и весели фатени на оро

    Ладното лицемерие на рф

    Љубомир Костовски (фото: ЦИВИЛ)

    Диви и други свињи

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Како етничката дискриминација стана невидлива: Случај Министерство за одбрана

Џафери фрли „бомба“. Како (не) реагираше јавноста и што (не) одговори Министерството за одбрана?

February 8, 2025 11:05
in АНАЛИЗИ, БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, МУЛТИКУЛТУРА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Армија (фото извор: МО)

Армија (фото извор: МО)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

На прес конференцијата во четвртокот, на македонски и албански, Талат Џафери откри бројки и опис на состојби во одбраната што во секое – барем приближно нормално – општество ќе предизвикаше бура од реакции по сите основи, од дебати во граѓанското општество и медиумите, до силни реакции и анализи во институциите, владата и парламентот. Од видео снимката се гледа дека пред Џафери има барем седум микрофони од различни ТВ станици што емитуваат програма на македонски и албански јазик.

„Од 10 директори во новата систематизација, ниту еден не е Албанец. Од 12 советници во Министерството за одбрана, само 1 е Албанец. Од 29 раководители на сектори во министерството, ниту еден не е Албанец. Од 13 раководители на сектори во Генералштабот на Армијата, ниту еден не е Албанец. Од 30 команданти на баталјони, само 5 се Албанци. Албанските офицери со високи чинови и професионални квалификации се деградирани или отстранети од клучните позиции“, обелодени Џафери.

Неразбирање на темата или нешто друго?

Изјавата траеше четири и пол минути на албански, по што ги повтори податоците и на македонски за исто толку минути, па рече дека е спремен за прашања. И? Ниту едно прашање не му беше поставено за фрапантните податоци што ги презентираше. Ама ниту едно! Барем да му поставеа некои општи прашања – како ги добил податоците, кои му се изворите, што мисли да преземе неговата партија, кој е одговорен, дали и што било поинаку во времето на коалициската власт на СДСМ и ДУИ… Ништо од тоа.

Се разбира, има и други супер важни и актуелни прашања што ја засегнуваат јавноста во земјата. Тој може да избере да одговори, ако знае или ако се смета за повикан да одговори, или да не одговори, односно да ги насочи медиумите да побараат одговор во седиштето на партијата, како што, впрочем, и направи.

Но, човекот излезе на говорницата со „бомба“ – ни помалку, ни повеќе – за состојбите во одбраната. А доби прашања за судскиот совет и коалицирање за локалните избори во октомври.

Ваквото игнорирање на темата е крајно симптоматично. Дали се работи за неразбирање на тежината на податоците што ги изнесе Џафери или, не дао бог, постои некакво нареѓење…

Одбрана

Како и да е, ден подоцна, в петок, пристигна и соопштението од Министерството за одбрана (МО) и Генералштабот на Армијата. Што добивме?

Министерството, преку соопштение (!), го обвини Џафери дека „свесно шири дезинформации“, откако во претходната реченица кажа дека „во моментов се наоѓа во процес на внатрешна структурна реорганизација, па оттука наодите се произволно интерпретирани и паушално дадени“.

Како тоа?

Навистина е нејасно како од информацијата дека министерството „во моментов се наоѓа во процес на внатрешна структурна реорганизација“ се изведува фантастичниот заклучок дека „наодите се произволно интерпретирани и паушално дадени“!? Каде е врската меѓу информацијата за реорганизација и ставот дека нешто е паушално? Без оглед на тоа дали Џафери греши или лаже, или ја кажува вистината, одговорот на МО е бесмислен, благо речено. Ништо за конкретните бројки.

Тоа е исто како да кажете дека во моментов правите генерално чистење низ дома, па затоа „наодот“ на вознемирените комшии дека се шири реа од вашиот дом не се точни, дека вие чистите и дека некој таму „свесно шири дезинформации“! А реата се шири.

Но тоа не е сè, драги гледачи! Џафери не зборуваше само за правичната застапеност, туку и за застојот на модернизацијата на Армијата. Но МО има одговор и за тоа. Лош.

„Во однос на модернизацијата на Армијата, несфатливо е тврдењето дека постои застој, иако како член на Комисијата за одбрана и безбедност во македонското собрание, пратеникот знае дека оваа година над 32 проценти од одбранбениот буџет се одвојуваат за оваа намена“ – пишува во соопштението на МО, па продолжува – „106 милиони евра ќе бидат инвестирани во опремување, што е 18 милиони евра повеќе од минатата година. Овој процес тече и граѓаните тоа го гледаат, а дополнително оваа година ќе се комплетира набавката на лесните оклопни возила JLTV, ќе пристигнат оклопните возила Stryker, системите за противвоздушна одбрана Mistral 3, артилериските системи Boran, лесно пешадиско вооружување и останата лична опрема, со што борбената готовност на Армијата значително ќе се зајакне“.

Доволно е човек само редовно да се информира, макар и површно, па ќе му текне дека овој дел од соопштението на МО се однесува на стратегијата што ја донесе и ја спроведуваше токму владината коалиција на СДСМ и ДУИ, со експертска и финансиска помош од НАТО сојузниците. Но во политиката не е некоја новост да не се ни спомнуваат достигнувањата на претходниците, а камоли да им се оддаде некое признание. Прашањето е дали тоа што го соопшти МО е вистина.

Скандалозни состојби

За коментар на тврдењата што доаѓаат од ресорот Одбрана, ја побаравме поранешната министерка за одбрана, сега пратеничка на СДСМ во парламентот, Славјанка Петровска.

Таа во својата кратка, но извонредно содржајна изјава за ЦивилМедиа открива и повеќе проблеми отколку што можеше да се очекува. Се наметнува заклучокот дека Одбраната се соочува со сериозен – би рекле и опасен – застој и скандалозни состојби. Некои работи се повеќе од очигледни. На пример, целосно е застаната постапката за донесување на исклучително важниот закон за критичната инфраструктура. Реформата на системот за управување со кризи е, се чини, заборавена.

Имајќи предвид во какво време живееме, опкружени со тензии во регионот, недалеку од тешки конфликти и ужасни војни, овие прашања не само што не се наивни, туку директно ги засегнуваат стратешките интереси и безбедноста на државата. Ова нема врска со администрации, партии, определби или припадности. Овие прашања се клучни за националната безбедност и стабилност.

Во својата изјава, Петровска открива дека и новата систематизација на работни места задоцнила седум месеци, а кога конечно била донесена – спроведувањето било извршено – по партиски клуч.

Правичната застапеност во Армијата е брана за радикализацијата

Поранешната министерка за одбрана изрази голема загриженост, практично, за сите аспекти на функционирањето на МО и Армијата, вклучително и кохезијата, единството и мултиетничноста во овој ресор.

„За жал, кохезијата, единството и мултиетничноста што изминатите седум години се градеше, сега веќе се руши. Стравувам дека на подолг рок ова ќе се одрази и на квалитетот на работата и мотивираноста на вработените“, изјави Петровска за ЦивилМедиа (линк до целата изјава).

Ставот за состојбата што ја опишува Петровска е во драстичен контраст со тоа што претставуваше Армијата, неполни две години по приклучувањето на земјата во НАТО во март 2020. Поранешната министерка за одбрана, сега заменик-генсек на НАТО, Радмила Шекеринска, зборувајќи за улогата на Армијата во националните и глобалните напори во борбата против тероризмот, во декември 2021, истакна дека „Армијата мора да биде симбол за интеграција и кохезија“, откривајќи дека „правичната застапеност прво се промовира во армиски и полициски редови“.

Во таа изјава, Шекеринска тврди и дека „така се намалуваат шансите за радикализација внатре, во структурите, така се влијае врз намалување на говорот на омраза, и кршење на стереотипите“.

„Држава како Северна Македонија којашто е навистина карактеристична со етничките, јазичните, религиските разлики, мора да работи многу повеќе на својата внатрешна интеграција, за да се справи со злото наречено насилен екстремизам или тероризам. Мислам дека тоа и во армијата, и во безбедносните структури го сфативме и го работиме многу сериозно“ – заклучи Шекеринска во својата изјава за ЦивилМедиа во 2021 (линк до целата изјава).

Не може Албанец да биде професионален

Сегашното Министерство за одбрана има поинаква аура – тоа е контрадикторно кога зборува за правичната застапеност, за што пример е и споменатото соопштение.

Така, во тоа соопштение, се тврди дека се „посветува особено внимание на охрабрувачки мерки за поттикнување и инкорпорирање на соодветна и правична застапеност на заедниците, особено кога станува збор за интерни огласи, но и јавни огласи и конкурси“. В ред, тоа е став што може да се слушне и на многу други места во низа други прилики – и порано и сега.

А кога во следната реченица од соопштението, МО ќе каже дека „Армијата и одбраната се професионална структура која никогаш не земала предвид нечија етничка припадност“, се поставува прашањето дали намалената застапеност на Албанците или другите заедници во Армијата и МО, особено во критичните структури што се наведени во изјавата на Џафери, значи дека другите етнички заедници немаат способност за професионализам.

Едноставно е. Ако си Албанец, не можеш да бидеш во командни структури, бидејќи твојата етничка припадност не дозволува да бидеш доволно професионален. Да, тоа е логиката што преовладува.

МО не дава директен одговор за изнесените податоци за незастапеност на Албанците, туку се служи со општи, декларативни ставови, меѓу другото, дека „функцијата заменик министер во Министерството за одбрана ја извршува токму припадничка на албанската етничка заедница“, па ги наведува „работната позиција државен советник, раководител на сектор, помошник раководител на сектор, раководител на одделение и сите останати позиции“. Но тоа не е одговор на податокот дека „од 29 раководители на сектори во министерството, ниту еден не е Албанец“.

Напротив, тоа е избегнување на одговорот. Би било прифатливо кога би се кажал конкретен податок за тоа колку раководители навистина има. Со бројка.

Во одбрана на политичката функција

Како претходница на соопштението на МО, изјава даде заменик-министерката за одбрана Елфет Исмаили. Нејзината изјава за Tetova Sot беше класична политичка тирада против политички опонент, без ниту еден аргумент кој се однесуваше на алармантните податоци што ги слушнавме за дискриминацијата и напуштањето на принципите на правична застапеност.

Во изјавата, Исмаили ја брани само својата политичка функција, а не МО, а уште помалку правичната застапеност. Наместо да понуди аргументи, податоци и опис на состојбите, Исмаили својот опонент го прогласи за „Делчевист“. Тоа е етикетирање, очигледно, наменето за политичката публика меѓу Албанците кои Џафери го помнат како командант од редовите на УЧК. И веројатно се смеат на таа етикета.

Но обидот за дискредитација на противникот врз основа на националистички наратив не помогна да се побијат наводите за дискриминација во Одбрана. А медиумите на македонски и албански јазик сложно затворија очи пред оваа тема.

Неприфатлив одговор

Да погледнеме уште еднаш на ситуацијата. Податоците што ги соопшти Талат Џафери беа изразени низ бројки.

А кој е Талат Џафери? Тој е стар волк, колку во областа на воените прашања, толку и во политиката. Воен офицер (ЈНА и АРМ), активно учествува во воениот конфликт во 2001 година како командант Форина, УЧК. Во политиката влегува во 2002, како еден од основачите и висок функционер на ДУИ. Беше пратеник во парламентот во времето и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, и министер за одбрана во владата на Никола Груевски (2013-2014). По падот на режимот на Груевски, со војничка дисциплина и строгост, извршува една од трите топ функции во државата – претседател на парламентот.

Професионалната и политичката кариера на Џафери не мора (и не треба) да служи како доказ за релевантноста на неговите изјави за состојбите во МО и Армијата. Но, што и да мисли некој за него, колку и да е голема желбата да се дискредитира како политички противник, неприфатливо е да се одговори без факти, со манипулации, политичка дисквалификација и со нелогични конструкции што не значат ама баш ништо. Најмалку што треба да се очекува од една стратешки важна институција – како Министерството за одбрана – е да излезе со факти за да се спротивстави на алармантните податоци што ги обелодени Џафери. За молкот на јавноста за овие прашања и да не говориме.

Кога ќе долетаат непријатните прашања

Оваа тема е посебно важна и затоа што Северна Македонија е членка на НАТО, военополитички сојуз во кој извонредно многу се внимава на принципите на почитувањето на различностите, инклузивноста и пристапноста. Тоа подразбира постојани напори за постигнување на правична застапеност на сите заедници и на сите нивоа. Овие принципи се меѓу најчесто споменуваните во документите на НАТО. Еден од тие документи е и Годишниот извештај за различноста и инклузивноста 2022.

Затоа, ако е точен макар и само мал дел од тоа што го кажа Џафери на прес конференција – речиси целосно игнорирана од медиумите – земјата е исправена пред многу сериозен проблем. Но проблемот е поголем, бидејќи ова е само мал дел од тоа што навистина се случува. „Одбраната“ на Одбрана со манипулации и присвојување на достигнувањата на претходната влада не води кон ништо добро.

Што ќе одговорат премиерот Христијан Мицкоски и министерот за одбрана Владо Мисајловски кога од седиштето на НАТО ќе долетаат непријатните прашања за структурата и модернизацијата на армијата – и како тоа ќе биде претставено во домашната јавност – може лесно да се претпостави. Ја прочитавме таа книга.

Текстот е личен став на Авторот.
Tags: АрмијадискриминацијаМинистерство за одбранаНАТОправична застапеност
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Обвинителот Анел Фидоски универзално воведе стандард дека смртната закана со куршуми е ОК, каква што доби Џабир Дерала

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Кармата ги стига Кадировци – синот на чеченскиот лидер хопитализиран во тешка состојба по сообраќајна несреќа во Грозни

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Битни се парите, а не судијата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • 80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ