• Latest
Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

Како останавме булки крај шините: Збогум ЕУ

September 27, 2024
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
Илустрација. ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (2): „Ние знаеме што правиме“ – избирачките одбори пречка во работата на набљудувачите на ЦИВИЛ

November 12, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Лукоил во цајтнот, нема одговор за судбината на македонската подружница со 550 вработени и 40 бензински пумпи

November 12, 2025
Презентацијата на рускиот робот со вештачка интелигенција сличен на човек - падна додека одеше на сцената.. скриншот од X/@Gerashchenko_en

(ВИДЕО) Првиот руски хуманоиден робот падна на сцената за неколку секунди од презентацијата

November 12, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Њујорк Тајмс: Жените -лидерки во светот, „железните дами“ на десницата

November 12, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ: Информациска војна и пропаганден екосистем во Северна Македонија

November 12, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

Загреб го забрани поздравот „За дом спремни“ на концертите и јавните настани во градот

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ТЕЖИШТЕ

Како останавме булки крај шините: Збогум ЕУ

Поглед на деструктивните политики и популизмот на владата што ја турка Северна Македонија во изолација, далеку од европската иднина.

September 27, 2024 09:29
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ, ТОП 5
Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Операцијата полека се заокружува. Сега може да се очекуваат сите сценарија за дестабилизацијата – за која со месеци говорат премиерот и неговиот адвокат на привремена работа како министер за внатрешни работи – ќе се остварат делумно или целосно, во комбинација или меѓусебна конкуренција, сеедно. Едно е сигурно – ниту едно сценарио нема добра завршница. Барем така стојат работите пред истекот на првите сто дена влада на Мицкоски.

Конечно, може со сигурност да се потврди дека премиерот Мицкоски нема никаква намера да ја води земјата кон ЕУ. Неговиот постојано незауздан и кавгаџиски тон, овојпат и со изјавата за медиумите по повод веста за одвојувањето на Албанија од ЕУ пакетот со Северна Македонија, го покажува тоа.

Наративот со кој настапува Мицкоски е едноставен, лишен од факти и аргументи – заснован на ставот „земи или остави“ и „свака роба има свога купца“, со бескрајното повторување дека тој има „кичма“, а тие пред него немале. За „диктати“ не, благодарам – се досетува тој, па и тврди дека е „вљубен“ во европските вредности и дека токму тој на Европа ѝ нуди „европски пристап“.

Тој државата ја третира како невеста, која нема ниту успешна кариера, ниту е расположена да биде добра домаќинка, не е нешто посебно богата, а не е ни убавица, но се однесува како сите пожелни беќари на светот да се тепаат да ја запросат.

Мицкоски, кој редовно ја истакнува својата академска титула и дека е добар математичар, самоуверено и премногу лесно преминува преку ноторни факти, ја искривува политичката реалност во земјата и целосно го занемарува регионалниот и глобалниот контекст. Тоа го прави со таква леснотија што веќе одамна е сомнително – еве, да не бидам категоричен и да не заработам и трета тужба од него за помалку од една година – како да оди по некоја поинаква политичка патека во спротивна насока од Брисел и Вашингтон.

За наивните или оние што сакаа да му дадат fair shot на премиерот да покаже што умее и колку е проевропски ориентиран, сега веќе нема дилеми (не би требало). Лидерот на македонските националисти, на чело на влада со огромно парламентарно мнозинство, ја запечати судбината на државата: надвор од ЕУ. Јас со време напишав дека премиерот број 13 нема зошто да се грижи за својата иднина, бидејќи ќе поведе земјата со полна пареа – назад, кон минатото.

И за време на изборната кампања, а уште повеќе по воспоставувањето на владата, стана јасно дека е време да се збогуваме со ЕУ. Тоа стана очигледно уште додека Мицкоски примаше комплименти и поддршка од западните дипломати (не од сите) во земјата. Да, некои дипломати на јавна сцена го поздравуваа како „мојот пријател“ и беа задоволни што тој го изговори уставното име на државата барем во премиерската заклетва (и никогаш повеќе, што е спротивно на Преспанскиот договор). Добро, се разбира, тој прима плата и се потпишува на кинескиот кредит (виа Будимпешта) на документи каде што стои уставното име, но „го користи своето човеково право“ да не го изговори. Многу јака фора, нема што.

Да заклучиме. „Логиката“ со која се служат десничарските популисти и автократи ширум светот е како за деца од градинка. Така и „нашиот горд“ Мицкоски. Тој креира тотално impasse со ЕУ.

Тоа што Брисел го нарекува преговарачка рамка, тој го нарекува „диктат“, а на тоа го надоврзува и својот „горд“ наратив дека не го прифаќа. Целосно неточни се основите врз кои го гради својот наратив, но кому денес му се важни фактите!?

Едноставно е. Сите настани укажуваат на тоа дека времето за обединување околу европските вредности и напредокот кон ЕУ се веќе минато. Она што останува е самоуништувачкиот пат на популизмот и национализмот кои, иако навидум се силни и решителни, во себе кријат длабока несигурност и неспособност. На крајот, останува само фактот дека тие суштински ја изолираат земјата и ги уназадуваат нејзините демократски и економски перспективи.

Ако продолжиме вака (а сигурно ќе продолжиме), последиците нема да бидат само политички, туку и историски – срамни белези во историјата на една држава која еднаш беше на чекор до исполнување на својот голем европски сон, а заврши неславно, во кошмарот на изолацијата, несигурноста и авторитаризмот.


Teкстот е личен став на Авторот. Извор: ЦивилМедиа

Фото: ЦИВИЛ

РАФАЛ е рубрика што се отвори на крајот на април 2017 година. Точно 110 колумни објавени во таа рубрика се дел од истоимената книга од Џабир Дерала во издание на ЦИВИЛ, објавена во мај 2018 година.

Tags: ЕУизолацијаМицкоскинационализампопулизам
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ