• Latest
Добро утро со Орданоски

Ќе се оперираме или ќе се масираме?

May 31, 2018

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Ќе се оперираме или ќе се масираме?

May 31, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”48″]З[/dropcap]а оние кои сакаат да веруваат во резултатите на истражувањата на јавното мислење – јас, на пример, мислам дека современиот процент на луѓето кои, свесно или несвесно, лажат во одговарањето на прашањата во анкетите е загрижувачки голем и покрај сите статистички мерки на предострожност со примена на тнр. пондерирање на резултатите – изминатите денови можеа да се насладуваат на најновата анкета за политичките трендови во Македонија изработена по нарачка на ТВ Телма и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Да ја скратиме долгата приказна, со неопходно генерализирање: објавените резултати покажуваат дека Македонија е поделена земја меѓу ВМРО-ДПМНЕ и сите останати, со не многу големо, „шарено“, но функционално мнозинство испитаници кои ја поддржуваат досегашната работа на оваа Влада. Дотолку повеќе што Заев е далеку пред сите по поддршката во јавноста, оставајќи ги зад себе на безбедна статистичка дистанца скоровите на Иванов, Груевски и Мицкоски – собрани заедно! Дополнително, доколку утре се одржат избори, СДСМ би можело да се надева на победа, со благ растечки тренд меѓу етничките албански гласачи.

Велам, доколку сакате да верувате на анкетни резултати, ова истражување упатува на заклучокот дека референдумот за името во септември годинава има реални шанси за доволна излезност на граѓаните и преодна оценка за „пакетот“ со решение зад кое ќе застанат сегашните владејачки партии. Тоа е она што е важно, ако ви е важно. Другото е лук и вода.

Е, сега, фактот што Заев добил релативно ниска преодна оценка (меѓу 2+ и 3-) за успехот во раководењето со Владата изгледа како Ајфелова кула надвисната над општата и партиската, вмровска поддршка за лидерот на опозицијата, Мицкоски. Тој, Христијан – како што овде веќе се пишувало и пред да се објават анкетни резултати – мора нешто да менува, бидејќи оваа стратегија за сопствено политичко и лидерско позиционирање на сцената не му врви ниту во партијата, а ни во пошироката јавност.

На таа тема нема многу нови совети што може да му се дадат на Мицкоски, од веќе стопати повторените: додека се лепи за Груевски и за неговиот банкротиран наратив, Мицкоски нему му го одржува каквиот-таквиот рејтинг, осудувајќи се самиот за транзициона лидерска фигура која само вреви во етерот со курирската пропаганда дека државата е пред распад, во пропаст и подготвена на колективно самоубиство. Јас не сум слушнал дека која било пропаганда за блиското доаѓање на крајот на светот подигнала нечиј лидерски рејтинг во историјата на политиката. Па, да беше така, Јеховините сведоци со тврдењето дека наскоро ни следува општа катаклизма и Армагедон ќе беа главната верска приказна во светот, а не ветувањата за слаткиот рај на буџованите од Ватикан.

Сè на сè, доколку сакате да им верувате на анкетите, сега веќе и статистички знаеме дека опозицијата ни е депримирана и без истакнато водство, што не е добра ситуација за сериозноста на политичкиот предизвик за завршување на преговорите за името. Нас нè чека потреба од обединето конзилијарно мислење за здравјето на пациентот Македонија, а не конфликтни дијагнози на различни лекарски тимови кои не можат да се договорат дали болниот треба да се оперира или е доволно само да се масира. Оти, среќниот крај при операција подразбира едно, а среќниот крај при масажа нешто сосема друго…

 

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

 

Tags: IvanovанкетиГруевски и МицкоскиЗаевМЦМСТВ Телма
Share120TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ