• Latest
Фото: Совет на ЕУ

Контраадмиралот Риналди нов командант на Операцијата на ЕУ во Медитеранот „Ирини“

June 21, 2024

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Контраадмиралот Риналди нов командант на Операцијата на ЕУ во Медитеранот „Ирини“

June 21, 2024 10:36
in ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Совет на ЕУ

Фото: Совет на ЕУ

Share on FacebookShare on Twitter

Советот на ЕУ го именува италијанскиот контраадмирал Валентино Риналди за оперативен командант на Воената операција на Европската Унија во Средоземното Море „Ирини“, јави дописникот на МИА од Брисел.

Контраадмиралот Риналди, кој во периодот од 1 април до 30 септември минатата година ја извршуваше должност командант на силите вклучени во „Ирини“, треба да ја преземе командата со оваа операција на ЕУ од италијанскиот адмирал Стефано Турчето на 19 јули.

Риналди има долгогодишно искуство во Воената морнарица на Италија раководејќи со различни единици, вклучително и до неодамна како командант на силите во операцијата „Сигурно море“, како и командант на италијанските амфибиски оперативни сили во текот на 2022 година.

Воената операција на ЕУ во Средоземното Море „Ирини“ беше лансирана на 31 март 2020 година, како конкретен придонес на Унијата во напорите на меѓународната заедница за поддршка на враќањето на мирот и стабилноста во Либија. Сегашниот мандат на „Ирини“ трае до 31 март 2025 година.

Основната задача на операцијата е да придонесе за спроведување на ембаргото на ОН за извоз на оружје за Либија со помош на воздухопловни, сателитски и поморски средства, преку инспекции на пловни објекти на отворено море во близина на либискиот брег за кои постои сомнеж дека превезуваат оружје или воена опрема. Дополнително, во рамки на операцијата се прибираат и информации за незаконскиот извоз на сурова нафта и рафинирани нафтени деривати од Либија, како и за шверцот и трговијата со луѓе.

Во операцијата „Ирини“ се вклучени поморските и воздухопловните сили на Грција, Италија и Франција, а со свои авиони во мисијата учествуваат и Германија, Луксембург и Полска.

Tags: ГрцијаЕУИталијаСредоземно МореФранција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ