• Latest

Корупцијата убива (епизода 326)

November 22, 2018

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Корупцијата убива (епизода 326)

November 22, 2018 10:29
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Оџаците испуштаат отрови и загадуваат, газдите со владата се ценкаат, спонзорираат партии пред избори, одлагаат закони, а после и примена на закони… Здравството го убива здравјето, медицинскиот персонал заминува, снабдувањето со лекови е нередовно и лековите се неквалитетни и скапи, тешко се доаѓа до нега, луѓе умираат по болничките ходници… Лажни дипломи на универзитети со газди сомнителни…

Џабир Дерала

Буџованите во јавни пари уживаат, со прст не мрднуваат, бизниси на страна си тераат, ветувањата се бајки за избори, партиите се бизнис кланови, плата земаат од сиромашните, лицемери владеат, чесни луѓе умираат, децата гладуваат, мајките очајуваат, татковците се пијанчат…

Банките крвта ја цицаат, а ваму кадија те тужи – кадија те суди, извршители наплаќаат, тендери за пријатели и набавки за роднини се прават, патувања за љубовници, дневници за мајтап со умот, инвестиции без крај, инвестиции со сомнителен крај, работни места по партиско-роднински клуч, работни места без работни обврски, службени возила, јавна сопственост без домаќини, сообраќај без патишта и улици, анонимни донатори, сомнителни донатори, сиромашни учители, здивени бизнисмени, понижени професионалци, измамени луѓе…

Оваа брза и кратка листа, со мали измени, може да биде дел лута панкерска песна посветена на македонската и балканската реалност. Насловот на таа песна единствено може да биде – КОРУПЦИЈАТА УБИВА, како што е и денешниот мој и ваш „рафал“.

Сите ставки, набројани и ненабројани во оваа панкерска ствар, се директно поврзани со незаузданата корупција во банана државите на овој тегобен Балкан, без многу изгледи да се извлече од надолната спирала, ако не ѝ се застане на патот решително и еднаш засекогаш.

Деновиве, Македонија има шанса да ѝ застане на патот на корупцијата. Веќе долго, ако не и предолго, на тивок оган се крчка Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Тој закон има шанси да му зададе удар на еден од главните извори на корупцијата било каде во светот, а тоа е сферата во која работат, носат или спроведуваат одлуки јавните функционери.

Веќе ви пишував за овој закон што веќе влезе во владина процедура и деновиве ќе се најде пред пратениците за гласање. Ова е мигот кога тие што ги избравме на изборите во 2016 година, од која и да се партија, да покажат дека ќе ги исполнат своите ветувања (макар и да не го мислат тоа).

Имав привилегија да се запознам со луѓе кои долги години посветено работат на прашањата поврзани со корупцијата и судирот на интереси. Тоа се луѓето во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), што не престанаа да работат ниту еден час, според законски норми што само им ја отежнува работата. Тие продолжија да ја одржуваат институцијата што е обезглавена уште од март годинава, по оставките на повеќето „комесари“ откако се откри дека Антикорупциска, всушност, да ти била „Корупциска“, токму поради тие „комесари“.

Запознав поголем дел од тимот што работи во Секретаријатот – одлични познавачи на приликите и правната материја поврзана со антикорупцијата, фантастично добро потковани стручњаци, добри зналци и искусни професионалци. Тие, во потрагата по социјална правда и статус што го заслужува едно вакво тело, се впуштија деновиве и во анализа на предложениот антикорупциски закон. Ставка по ставка, го анализирале законот и дошле до одлични решенија.

Мало потсетување… Како што веќе пишував во неколку претходни рафали, имаше најмалку две верзии од законот, секоја со своите предности и недостатоци, за сега пред пратениците да се појави верзија што, очигледно, не е доволно добро завршена. Со други зборови, да се изразам со мојата вообичаена острина, законот на моменти, и тоа во критични моменти, е една крпеница што брзо ќе отвори дупки во кои корупцијата ќе се вгнезди и ќе продолжи да убива.

Неколку клучни членови во законот се конфузни, почнувајќи од Член 10 за правото на реизбор на членови на ДКСК, завршувајќи со Член 121 во кој се поместени завршните и преодните одредби. Има по еден голем, дебел зајак што лежи во многу стратешки места од овој закон…

Клучно за овој закон, исклучително важен за борбата против корупцијата, е да обезбеди непречена работа на стручно тело (секретаријат) во кој луѓето ќе можат да се потпрат на современи решенија во антикорупциската битка. На овие луѓе мора им се обезбеди независност и пристојни плати, да добијат статус барем онаков што го имаат службениците во регулаторните тела. Ним и на идните членови на ДКСК што Собранието допрва ќе ги избира, по донесувањето на законот, мора да им се даде на располагање закон што е применлив и што вистински се зафаќа со проблемите поврзани со корупцијата (што убива). Ваков каков што е законот сега, не е целосно применлив, конфузен е и контрадикторен барем во 11 негови членови.

Притоа, некако упорно се испушта регулирањето и осовременувањето на постапката на пријавување на имотната состојба. Јасно и недвосмислено, повеќе пати повторено и од меѓународните институции, па и во неколку мои и ваши „рафали“ се кажало дека пријавувањето на имотната состојба треба да оди по електронски пат. За тоа веќе постои софтвер и хардвер (вреден 600.000 евра), подарок од ЕУ, но упорно не се става во функција. Имотната состојба и интересите би се пријавувале на тој начин што не ќе може да се оставаат празни места во пријавите, да се прават „ненамерни“ грешки во нулите и слични ујдурми што ги видовме кај ултра-богаташите во власта (само сетете се на имотните листови на братучедите).

И тоа би било достапно на интернет! И промените во имотната состојба би биле достапни на интернет! Тоа е добро да го знаеме и законот тоа мора да ни го обезбеди. Транспарентноста е најлутиот и најефикасниот борец против корупцијата. Па, редно е транспарентноста и да се обезбеди со закон. Вистински закон!

Ве заинтересирав ли конечно? Сакате ли да живеете во Македонија ослободена од корупцијата? Читајте ја мојата следна епизода за корупцијата (што убива) веќе утре. Со повеќе детали, да им помогнеме на луѓето чиј живот е загорчен од корупција, а и на политичарите да донесат подобар закон. Макар и да не сакаат тоа да го сторат. Ова, треба да им го памтиме.

 


Избор од „рафали“ кон корупцијата:

А со (анти)корупцијата до кај сме?

Корупцијата останува, оправданијата се тенчат

За македонската „беспоштедна“ борба против корупцијата

Институции со европско знаменце и балканска нарав

Антикорупцијата и животот

 


Авторот го нацрта: Игор Стевковски

ЗАБРАНЕТО И ЗА ДЕЛУМНО ПРЕЗЕМАЊЕ ПРЕД 13 ЧАСОТ

Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: антикорупцијавладаДКСКзаконКорупцијаСобрание
Share70Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ