Со намерно мешање на „лончињата“, како проверени мајстори за лажни вести, ВМРО ДПМНЕ повторно со полувистини свесно ја манипулира јавноста користејќи дел од мојата изјава за Вевчанскиот карневал кој се одржа пред неколку денови, вели Министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска во реакцијата на соопштението на ВМРО ДПМНЕ за лагите и вистините за Вевчанскиот карневал.
Стичевск повторува дека за оваа година (2023) организиторите на Вевчанскиот карневал ја поднеле својата документација во ноември 2022 година, за настан кој се одржа пред неколу денови, а во Министерството за култура во моментов работат комисиите кои одлучуваат по пријавите и имаат законски рок резултатите да ги објават до 45 дена од донесувањето на Буџетот. Оттаму не може да стане збор дека Министерството за култура не ја поддржало оваа манифестација, а уште помалку за игнорантски однос.
Напротив. Вевчанскиот карневал пред пандемијата, во 2019 и во 2020 година, од Министерството за култура е поддржан со по 1.100.000,оо ден, објаснува таа.
И бидејќи за ВМРО ДПМНЕ очигледно сè е карневал, сакам да ги потсетам дека скафандерот не го облеков за нивна забава туку за да гласам за пакетот мерки за помош на ранливите категории на граѓани за време на светската памдемиска криза. Ако од ВМРО ДПМНЕ беа искрени кон граѓаните и загрижени за нив, ќе присуствуваа на таа седница на Собранието и мојот глас немаше да биде неопходен.
Најмалку ВМРО ДПМНЕ може да се повикува на морални вредности и да бара извинување од кого и да е. За потсетување, тие не се организатори на Вевчанскиот карневал. Тоа време, невреме во кое културата им беше партиски заложник, заврши, стои во реакцијата на Министерката за култура.