• Latest

Коѕијас: САД заинтересирани за решение за името

May 23, 2018

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Коѕијас: САД заинтересирани за решение за името

May 23, 2018 11:47
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Американската администрација не врши притисок, туку се интересира за решение  кон кое водат преговорите за името и кои се потешките точки, вели шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕјас на брифинг со грчките дописници во САД.

Министерот за надворешни работи на Грција, вчера се сретна со советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Џон Болтон, а состанокот траел двојно повеќе од предвиденото. И Болтон и Помпео, како што рече Коѕијас, ги слушнале грчките позиции, како за регионот, Блискиот исток, така и за односите на Грција со Турција и разговорите за името, за кои разговарал со помошниот државен секретар Вес Мичел.

-Во скопското прашање немаме никаков притисок, ниту некој има намера да не притиска. Никогаш нема да дозволиме да нѐ притискаат. Но, многу се интересираат за решение и се обидуваат да разберат каде се наоѓаат преговорите и кои се тешките точки, рече Коѕијас и додаде дека искуството покажало дека кога се преземаат иницијативи, тогаш никој не може да се меша.

Министерот за надворешни работи на Грција, потенцираше дека во однос на Скопје е во континуирана консултација и соработка со грчкиот премиер со кој имаат совпаѓање на ставовите.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во пресрет на новата рунда разговори во Њујорк утре и задутре, шефот на грчката дипломатија рече дека паралелно со главните преговори, ќе одржат состанок техничките групи, а ги спомена и двата текста, едниот од грчка страна, другиот од медијаторот, кои ги содржат точките за кои што се водат преговорите.

-Да знаете дека имаме напишано голем текст, Грција го направи. Овој текст, заедно со правниот текст направен од Нимиц ги презедовме и ги интегриравме во еден текст, во кој вториот дел се однесува на идната соработка на Грција и ПЈРМ, односно перспективата во прашањата за образованието, истражувањата итн. Првиот дел се однесува на прашања што се поврзуваат со името, пред сѐ со прашањата за иредентизмот, со кои треба да завршиме, како и поглавјето за признавање на сите меѓународни правни реалности, границите, неповредливоста на границите, дека од ниедна страна не може да се води пропаганда или да се дава простор за пропаганда од едната против другата страна итн, рече Коѕијас од САД, во брифингот за грчките новинари.(МИА)

Tags: ГрцијаимеинтересМакедонијаНикос КоѕијасрешениеСАД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ