• Latest

Крајно лоша застапеност на жените во политиката

August 12, 2017

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Крајно лоша застапеност на жените во политиката

August 12, 2017 15:04
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата именуваше нови функционери и директори на органи, државни управи и казнено-поправни установи што се во нејзина надлежност.

Министерствата за здравство, финансии и животна средина, Агенцијата за вработување, Управата за културно наследство, како и КПУ Затворот во Струмица добија жени-функционерки, кои се најдоа на листата од 68 нови функционери и директори именувани од Владата. Во просек, на листата на функционери и директори се најдоа само 11,8 % односно 8 жени. Во парламентот има само 39 пратенички, а на министерско ниво се наоѓаат само четири жени.

Родовиот баланс, родовите прашања и вклучувањето на жените во политиката, според реакциите во јавноста и на социјалните мрежи, не се проритетни и не се во фокусот ниту на новата влада.

Минатата година, меѓу многуте дилеми што се наметнаа во контекст на очекувањата доколку се промени власта, а во пресрет на предвремените парламентарни избори, ЦИВИЛ – Центар за слобода одржа дебата на тема „Жените во политиката“ на која се зборуваше за родовата еднаквост, правата на жените, како и за степенот на вклученост на жените во политиката.

Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, во интервју за ЦИВИЛ Медиа во тоа време изјави дека целта, која ќе биде рефлектирана и во владината програмата, е до 2020-та година, да се оди кон паритет, односно 50:50 проценти, како шанса проблемите на жените повеќе да дојдат до израз.

Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, пак, за ова прашање потсети: „Уште во времето кога функционираше како неформална група граѓанки и граѓани, во 90-те години на минатиот век, ЦИВИЛ се залагаше за односот минимум 51:49 во корист на жените, со што ќе се рефлектира застапеноста на жените во популацијата. ЦИВИЛ во своите ставови во јавноста во тоа време одеше и подалеку и го промовираше начелото и на позитивна дискриминација, односно дека разликата може да биде и поголема во корист на жените, поради потребата да се надокнадат историските непревди кон жените. Тоа никогаш не наиде на позитивен одѕив кај властите и партиите“.

„Родовиот баланс е исклучително важен показател за демократскиот капацитет на една земја, за политичката култура и нивото на општествениот развој во една земја. Тоа што го гледаме наназад со децении е крајно лоша застапеност на жените во политика, односно катастрофално лоша застапеност на жени на раководни функции во институциите. Тоа е последица од дискриминаторската политика на политичките партии,  но и на заостанатоста и ниската политичка култура во општеството“ – коментира Дерала.

Пораките од минатогодишната дебата во организација на ЦИВИЛ, беа во насока на активна соработка меѓу граѓанското општество и политичарките и поагресивен настап за подобрување на позицијата на жената во општеството, во процесите на донесување одлуки и во политиката. Пред една година, на истата дебата, беше изразен и сомнеж дека со промените, ќе се подобри ситуацијата во однос на родовите прашања. За жал, тие сомнежи се обистинија.

Биљана Јордановска

Tags: владажениродова еднаквостфеминизамфункционери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ