• Latest
Христијан Мицкоски/ Фотографија: Киро Попов

Крајот на ВМРО-ДПМНЕ

July 24, 2018

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Крајот на ВМРО-ДПМНЕ

July 24, 2018 09:47
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Христијан Мицкоски/ Фотографија: Киро Попов

Христијан Мицкоски/ Фотографија: Киро Попов

Share on FacebookShare on Twitter

Се случи тоа што подолго време се наѕираше. Мицкоски ја истера агендата докрај, го дотолчи политичкиот дијалог и му нанесе тешки штети на македонскиот од кон европската иднина.

Пишува: Џабир Дерала

Сите процени на карактерот на Мицкоски и кликата околу него, предвидувањата, анализите и предупредувањата се докажаа како точни, особено по неславниот распад на серијата Лидерски средби. Овие денови увидовме многу сличности меѓу Груевски и Мицкоски. Веројатно сега Мицкоски потскокнува од радост и разнеженост за оваа споредба, за која веднаш морам да кажам, се однесува на ниски морални и политички вредности.

Да се потсетиме… Во текот на преговорите во Пржино, Груевски се однесуваше кукавички и нечесно, се трудеше да ја спаси само кожичката своја и на оние што мора да ги спаси, затоа што тоа додатно ќе го штити. Тој и братучед му ги употребија сите валкани и уличарски трикови што можат и не можат да се замислат во политиката. Преговорите ги водеше меѓународниот посредник и експерт Питер Ванхауте, за Груевски да го прогласи за персона нон-грата среде преговори, му се закануваше со клоци од јавна говорница, што му даде уште време. Или, поточно, меѓународната заедница, инсистирајќи тој да биде рамноправен учесник на преговарачката маса, му дадоа одлични, па и надмоќни позиции да се одбрани. Потоа, посредници беа амбасадорите на ЕУ и САД кои покажаа ретка посветеност, но и беа лимитирани со дипломатско-политички рамки и правила што му одеа во прилог на Груевски, а на штета на демократскиот процес.

Што се случи со Договорот од Пржино? Тој договор им го продолжи политичко-криминалниот живот на Груевски и Фамилијата чии марионети се Мицкоски во име на партијата и Иванов, во име на државата(!). Тоа ја затапи острицата на граѓанското движење, иако голема е веројатноста дека тоа нѐ поштеди од посериозен внатрешен конфликт.

Договорот во Пржино и политичкиот дијалог подоцна му дадоа време и простор на политичкото подземје предводено од Груевски да се консолидира по изборниот неуспех во 2016 година и да ја спроведе полугодишната блокада на парламентот и на останатите демократски институции што кулминира со теророт врз Собранието на 27 април 2017 година. Потоа, благодарение на политиката на помирување и инклузивност (што и да значи тоа), кадрите на ВМРО-ДПМНЕ останаа во системот, само да продолжат со опструкциите на демократските процеси. Видовме континуитет, наместо да видиме и доживееме коренити промени.

Од самите почетоци на демократското движење сѐ до пропаста на преговорите на Лидерската, Заев покажа невидена толеранција, отвореност и спремност за компромис. Доста беше.

Да се надеваме дека Заев конечно сфати дека мора да биде порешителен во спроведувањето на реформите што ќе донесат правда за сите криминалци, сите по ред и од сите редови, па нека се и коалициони партнери или членови и функционери во неговата партија, нека се и парламентарци, партиски лидери или владини претставници и функционери. Тоа мора да го стори уште веднаш. После нека цивка Мицкоски дека тоа е одмазда поради неговите преговарачки измами. Оваа тревожна приказна мора еднаш да заврши.

Заев сега има потполно право да се откаже од сите компромиси со Мицкоски. Логиката е едноставна. Барањата на ВМРО-ДПМНЕ имаат единствена цел – спас на Груевски и Фамилијата. Сѐ што прават е купување време, одолговлекување, опструкција, уцена, притисок… Тоа значи дека наметнатите услови, спакувани во фина обланда, иако проѕирна, нема зошто да бидат дел од договор, бидејќи договор, а ниту дијалог, едноставно нема!

Да не говориме за губењето драгоцено време со бесплодните натегања со ВМРО-ДПМНЕ. Пржинска влада? Тоа беше договор во услови на криминална и диктаторска страховлада. Враќање на старите правила во врска со изборот на ДИК? Нема зошто да му се дава простор на дополнително блокирање на системот и на процесот, без оглед на тоа колку е дискутабилна неодамнешната одлука на парламентот. Без оглед на тоа дали на крајот Мицкоски и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе се согласат гласаат за ратификација на Договорот со Грција или не, сите мораат да се соочат со полната сила на правдата.

Во меѓувреме, некорумпираните и прогресивни индивидуи и групи во ВМРО-ДПМНЕ мора да влезат во порешителна битка за спас на партијата од заборав и распаѓање. Или да свириме крај на ВМРО-ДПМНЕ…

 

 


Фотографија во прилог на текстот: Киро Попов/kolektif/mk

Објавено и во печатеното издание на „Слободен печат“ на 25 јули 2018 г.  

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: ЕУЗаевЛидерскаМицкоскиПитер Ванхаутеполитички дијалогПреговориПржиноСАД
Share1699TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ