• Latest

Кежаровски до Заев: Посетете ја Шутка, таму е полошо од каде и да е!

September 11, 2017
Петрит Сарачини (фото: ЦИВИЛ)

Aјде да повториме: Зошто Албанците се навредуваат кога ги викаат „шиптари“?

July 23, 2026
Илустрација ВИ

Хутите отвораат нов фронт: Нападнати два саудиски танкери, продолжуваат американските удари врз Иран

July 23, 2026
Национален совет за евроинтеграции (Фотографија: Собрание на РСМ)

Рокас пред Националниот совет: Европската перспектива е жива, но без владеење на правото нема напредок

July 23, 2026

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Кежаровски до Заев: Посетете ја Шутка, таму е полошо од каде и да е!

September 11, 2017 14:01
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По утринската посета на премиерот Зоран Заев на КПД „Идризово“, новинарот Томислав Кежаровски, од Германија испрати преку социјалните мрежи обраќање до него, со сугестија задолжително да го посети и затворот „Скопје“ во Шутка, особено ходикот „Ц“, каде „крши“ духот на осудениците . „Молев, верувајте ми, по изрекувањето на пресудата, да ме префрлат во ‘Идризово’, затоа што таму е подобро!“, му пишува Кежаровски на Заев

 „Ги поздравувам Вашите настојувања да се подобрат условите во затворот во ‘Идризово’ и уште повеќе најавата за Закон за амнестија… Но, Ви сугерирам, час поскоро да ги видите и ќелиите во притворот во ‘Шутка’. Да Ви ги отворат вратите од Ц-14, Ц-19, Ц-28… Оти таму, Ве уверувам, е полошо од каде и да е…

А, токму таму, прво во Ц-14, па потоа, и во Ц-19, минав месеци затворен со уште тројца други. Бев со луѓе…

Немав привилегија да бидам во тие попространите ќелии, во новиот дел. Во ‘Ц’ беа сите кои требаше да бидат ‘скршени’…

Некои попуштија пред притисоците и се ‘спогодуваа’ со државата или кодошеа, некои опстанаа доследни на ‘Законот на молчењето’. Се гордеам, не затоа што бев во затвор, туку затоа што им припаѓам на овие вторите.

Молев, верувајте ми, по изрекувањето на пресудата да ме префрлат во ‘Идризово’, затоа што таму е подобро. Има сведоци за тоа. Докторот, психијатарот, чинам дека уште е таму, прашајте го. Седев пред него, и со допрени дланки, како Господ го премолував да ми даде ‘препорака’ за во Идризово. За возврат, му велев, дека пред него ке ги скинам сите докази што ги имам и што ја потврдуваат мојата невиност…

Песна се слушаше од ќелиите само во два случаја, или ако ти почнува судењето (оти, така ќе те носат оттаму до судница и назад, и ќе можеш да видиш малку од Светот), или ако ти стаса решение дека те носат на издржување на казната во ‘Идризово’.

Ете толку, господине Заев, се лоши условите во притворот во Шутка, во озлогласениот ‘Ц’ ходник“…

 

Tags: ЗаевзатворИдризовоКежаровскипосетаШутка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ