Претседателот на Совет на Општина Гостивар, Валбон Лимани на почетокот на своето обраќање на јавниот настан „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: Предизвици и решенија“, вели дека пораснал во мултиетничка средина и зборува три јазици кои се зборуваат во неговата Општина.
„Истото им го пренесувам и на моите деца дека треба да се дружат и соработуваат со сите, односно дека сите сме исти и еднакви. Се почнува од дома и треба да разбереме дека ние не сме противници и непријатели, туку напротив“, вели Лимани.
Тој додава дека во Гостивар најмалку се користи националистичка реторика за време на изборите. Националистичка кампања е погубна. Но, додава дека за жал национализмот носи гласови и дека некогаш партиските структури играат на таа карта.
„Граѓаните треба да гледаат кој ќе им донесе подобар живот, а не кој ќе им ветува националистички фолклорни ветувања кој не го подобруваат стандардот и животот на граѓаните“, порача меѓу другото Лимани.
Д. Тахири
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Горан Наумовски