• Latest
Илустрација ВИ

Локални избори 2025: „Мирен“ ден на гласање во сенка на насилство, дезинформации и институционални скандали

December 29, 2025

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Локални избори 2025: „Мирен“ ден на гласање во сенка на насилство, дезинформации и институционални скандали

Иако изборниот ден формално помина без поголеми инциденти, целокупниот процес беше засенет од политичко насилство, злоупотреба на деца во кампања, хаос со јавниот сервис, дезинформации и одлуки на изборната администрација што ја поткопуваат довербата во институциите.

December 29, 2025 14:46
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Илустрација ВИ

Илустрација ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Локалните избори 2025 во Северна Македонија формално се опишуваат како „мирни“ – без масовни инциденти на самиот ден на гласање. Но, хронологијата на настани пред, за време и веднаш по изборите покажува поинаква слика: Политичко насилство врз кандидати и партиски активисти, сериозни обвинувања за дезинформации и црна кампања, злоупотреба на деца како изборен реквизит, скандали со медиуми и јавни институции, како и контроверзни одлуки на ДИК. Сето тоа зборува за изборен процес во кој културата на дијалог и демократска конкуренција се заменети со заплашување, манипулации и системска недоверба.

Политичко насилство: куршуми, претепувања и напади во кампања

Последниот изборен циклус го одбележа сериозен тренд на политичко насилство.

Во Куманово беше пукано во Зекирија Шахини, носител на советничката листа на НАИ за Липково. Двајца напаѓачи пукаат во неговото возило во движење, при што тој е повреден и пренесен во болница. Подоцна полицијата ја апси неговата сопруга под сомнение дека е поврзана со обидот за убиство, а се трага по друго лице осомничено за нападот.

Ова следи по претходниот случај со бруталното претепување на кандидатот за советник Умут Скопко во Виница, кој, според информациите, останува во кома во скопска болница.

Во Куманово се регистрира и напад врз членови на изборниот штаб на СДСМ, при што кандидатот за градоначалник Мартин Костовски обвинува дека напаѓач е кандидат за советник од Движењето ЗНАМ, Самет Салиевски – лице кое и на изборите во 2021 веќе било пријавено за физички напад.

Во ист контекст, се случува и смртта на Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци и носител на независна листа за локалните избори 2025, што го отвора прашањето за тоа како изборната администрација ќе постапи во ваков, досега нерегистриран случај. ОИК Кавадарци истакнува дека првпат се соочува со ситуација носител на листа да почине пред изборите, што ја открива и неподготвеноста на системот за вакви исклучителни околности.

Овие случаи покажуваат дека политичката конкуренција се претвора во физичка пресметка, а изборниот процес не е заштитен од криминални, семејни и партиски конфликти што завршуваат со болници, притвори и истраги.

Црна кампања и дезинформации: „куфери со пари“, УСБ стикови и статуси со лажни вести

Изборната кампања е силно обоена со црна пропаганда и меѓусебни обвинувања.

ВМРО-ДПМНЕ, преку пратеникот Бране Петрушевски, рециклира и надградува наративи за наводни „куфери со пари“ од бугарски премиер за Зоран Заев, додавајќи нов елемент – наводен УСБ стик со прислушкувани материјали и шема за купување фирми, меѓу кои и телевизија. СДСМ возвраќа дека партијата на власт нема реални решенија и води исклучиво црна кампања, „хибридни напади“ и измислени афери.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на трибини говори за „одвратна лажна и црна кампања“, нагласувајќи дека власта се храни од национализам, поделби и корупција, а не од проекти и дијалог.

Паралелно, градоначалничката во заминување на Град Скопје, Данела Арсовска, објави статус на Фејсбук во кој тврди дека директорот на „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми, бил пуштен од притвор и дека бил „чесен и совесен“, па дури и дека бил ослободен откако потпишал дека е „во срце и душа ВЛЕН“. МВР директно демантира – лицата остануваат во притвор, а тврдењата на Арсовска се оценети како невистинити и манипулативни.

Овие примери укажуваат на системско користење на дезинформации како политичко оружје – од сензационалистички наративи со „куфери“ и „УСБ стикови“ до отворени лажни вести за истраги и притвори. Последицата е дополнително рушење на довербата во институциите и медиумите.

„Децата како изборен реквизит“: нормализација на политичка злоупотреба

Мониторингот на ЦИВИЛ регистрира злоупотреба на деца во изборната кампања од повеќе страни.

  • Кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Мартин Костовски, ги вклучува своите малолетни ќерки во кампањата, објавувајќи цртежи на кои е испишана кампањската порака и бројот на избирачкото ливче.

  • Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓоргиевски, објавува фотографија со својот син, кој станува дел од наративот за семејна поддршка и политички мотивациски пораки.

  • Носителката на листата на Левица за Град Скопје, Катерина Јовановска, сведочи за случај во кој мало дете ѝ се обраќа со порака дека „татко ми ќе гласа за вас“, што, иако не е класичен пример на режирана злоупотреба, покажува колку лесно малолетни лица стануваат дел од политички дискурс.

  • Во промотивното видео на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе трча за уште еден мандат, има мало дете кое покажува три прста (Вардарска, Пиринса и Егејска).
  • Кандидатот за градоначалник на општина Чаир, актуелниот вицепремиер Изет Меџити од ВЛЕН во неколку наврати во неговите промотивни содржини има деца.
  • И противкандидатот за Чаир, Бујар Османи од ДУИ исто така во неговата промотивна кампања користи деца.
  • Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, кој ке ја бара довербата на граѓаните уште еден мандат, во неколку наврати во неговите промотивни партиски видеа има деца.

ЦИВИЛ ова го оценува како двојна злоупотреба – на јавната функција и на децата, потсетувајќи на јасната законска забрана: член 12, став 4 од Законот за заштита на децата забранува злоупотреба на деца за политичко дејствување. Упорното игнорирање на оваа одредба ја нормализира идејата дека „во кампања сè е дозволено“, дури и кога се во прашање најмладите.

Медиуми под притисок и дигитална несигурност: Хаос во МРТВ – сомнеж за хакерски напад

Јавниот сервис МРТВ не успева да ги емитува централните информативни изданија во 17:00, 19:30 и 22:30 часот, како и предвиденото изборно соочување. Наместо вести – се емитува кулинарска емисија и филм.
Од МРТВ зборуваат за „сериозен технички проблем“ и истрага дали има упад во мрежниот систем, односно можен хакерски напад.

Во контекст на изборен процес, ова не е само технички инцидент, туку удар врз правото на јавноста да биде информирана, особено во чувствителен период кога граѓаните зависат од навремени и релевантни информации. Потенцијална сајбер-ранливост на јавниот сервис отвора сериозни прашања за безбедноста, независноста и професионализмот на медиумската инфраструктура.

Скандалот „Ел Чека“ и компромитирачките аудио снимки: меѓу моралот и манипулацијата

Нов „бомбашки“ скандал се појави пред изборите во Кичево, преку профилот „Ел Чека“, кој објавува аудио снимки со компромитирачка и експлицитна содржина за актуелниот градоначалник и кандидат на НАИ, Фатмир Дехари.

Во јавноста се пренесуваа тврдења дека на снимките се слуша недолично однесување и сексуални алузии во комуникација со вработена во општината, што отвора прашања за злоупотреба на позиција, мобинг, сексизам и повреда на достоинството на жените.

Коалицијата ВЛЕН и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова, остро реагираа и бараа институционална истрага, осуда и, потенцијално, оставка.

Од друга страна, ДУИ зборува за „лабаратории на службите“ и монтирани материјали, предупредувајќи на опасност од политички мотивации и манипулација со јавноста.

Овој случај ги спојува етичките, родовите и политичките димензии: Дали сме сведоци на реален пример на злоупотреба и сексизам од позиција на моќ, или на организирана кампања за дискредитација преку монтирани материјали?

Во секој случај, довербата во институциите ќе зависи од тоа дали ќе има брза, транспарентна и професионална истрага – наместо да остане на ниво на анонимни профили и партиски соопштенија.

Симболика и перцепција: фотографиите со Бранко Црвенковски

Фотографиите од Бранко Црвенковски во Охрид, во друштво со функционери на ВМРО-ДПМНЕ и носителка на листа на ЗНАМ, се претвораат во симболичка „мини-бомба“ во самиот финиш на кампањата.

Иако нема официјални реакции од Црвенковски и другите присутни, дел од јавноста и медиумите ги толкуваат фотографиите како потврда дека поранешниот лидер на СДСМ е „во спрега“ со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.
Реакцијата на Венко Филипче – „или си СДСМ, или не си“ – индиректно го потврдува чувството на предавство, разочараност и фрагментација на политичкиот идентитет во левиот центар.

Овој случај покажува колку симболиката и визуелните пораки можат да имаат силен ефект во поларизирана атмосфера – понекогаш и посилен од програмите, дебатите и официјалните соопштенија.

Институционални пропусти и доверба во изборниот процес: ДНЕТ, неважечки ливчиња и набљудувачи

Поништување на листа поради починат кандидат. ДИК ја поништи листата на Движењето за национално единство на Турците (ДНЕТ) за Град Скопје поради тоа што на листата имало починато лице.

Од ДНЕТ тврдат дека за одлуката дознале од медиумите, дека ОИК претходно ја верификувала листата без забелешки, и дека државните институции се одговорни за техничките проверки. Бараат оставки, правни чекори и дури одложување на изборите за 14 дена.

Временскиот момент и начинот на постапување на ДИК отвораат прашања за: Транспарентност и навременост на одлуките, правото на ефективен правен лек и еднаков третман на учесниците во изборната трка.

Висок број на неважечки ливчиња

Според податоците на ДИК, на локалните избори 2025: Вкупно гласале 884.851 избирач, од нив 53.713 ливчиња се неважечки, односно околу 6,1%. Во Град Скопје има 12.270 неважечки ливчиња, над една петтина од сите неважечки гласови во државата.

Во споредба со 2017, 2021 и изборите во 2024, се забележува јасен раст на неважечките ливчиња, што отвора дилема: дали станува збор за техничка необученост, збунети гласачи, протестно гласање, или комбинација од сите фактори?

Во секој случај, ова е аларм за потребата од: Подобра изборна едукација, појасни ливчиња и упатства и подобрена работа на избирачките одбори.

Набљудувачите како коректив – но не и лек за сè

На изборите се акредитирани 1451 набљудувач – 807 домашни и 644 странски, како и 12 странски новинари. Фактот дека постои силно присуство на домашни и меѓународни набљудувачи е позитивен, но не е доволен ако институциите остануваат бавни, недоследни и непрозрачни, а политичките актери ја нормализираат злоупотребата и насилството.

Политичка поларизација и наратив на моќ: „Внимавајте што посакувате“

Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски од Брвеница, дека не сака предвремени парламентарни избори, но дека опозицијата треба да „внимава што посакува“ затоа што тоа може и да ѝ се случи, па да не биде „после лелекање“, ја рефлектира самоувереноста на власта и длабоката поларизација.

Премиерот ја користи победата на локалните избори како аргумент дека опозицијата е „веќе поразена“, и дека евентуални предвремени избори би биле нов пораз за неа. Овој дискурс не само што не придонесува за дијалог, туку ја цементира логиката на победник што доминира и понижува, наместо да разговара и да гради консензус.

 „Мирни“ избори во немирно општество

Локалните избори 2025 формално можат да се опишат како мирни – без масовни инциденти на самиот ден на гласање. Но, низ целиот изборен циклус се проткајува друга приказна: Политичари и кандидати во болници и под полициска заштита. Деца претворени во изборен реквизит.Јавниот сервис парализиран во клучни информативни термини. Дезинформации и црна кампања како доминантно средство за политичка борба. Институции кои со своите одлуки (или молк) ја продлабочуваат недовербата наместо да ја ублажат. Раст на неважечки ливчиња, што може да биде нем немир – сигнал на апатија, протест или длабока збунетост.

Сликата што произлегува е на формална демократија со избори, но со суштински еродирани стандарди на политичка култура, одговорност и почит кон човековото достоинство.

Дехран Муратов
Во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридните закани

Фото: ВИ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ